Маестралниот супербренд Каролина Гочева е на есенска турнеја во Германија.
Фановите на ултра популарната и мега автентична македонска амајлија Каролина имаат ексклузивна и неповторлива шанса да уживаат во познатите рефрени од големото музичко портфолио на ѕвездата.
По Штутгарт и Нирнберг, следуваше гига концерт на Каролина и во преубавиот Дизелдорф.
Македонската дива на големиот концерт со гордост го разви македонското знаме што предизвика невидени овации и аплауз кај публиката по што следуваше спектакл кој вечно ќе го паметат нашинците од дијаспората.
Каролина во Германија! Сега па којзнае кога пак.
Бидете брзи и купете го вашиот билет затоа што следува забава со Гочева на први декември во Мајнц, на 13-ти декември во Хамбург, и последниот концерт е закажан на 16-ти декември во Берлин.
Германија живее во духот на македонското девојче!
Дани | ТВ Пакет