Почетна / Серии / Екранизацијата на „Пат околу светот за 80 дена” секоја недела на МТВ 1

Екранизацијата на „Пат околу светот за 80 дена” секоја недела на МТВ 1

“Околу светот за 80 дена” е историска драмска авантуристичка телевизиска серија заснована на истоимениот роман на Жил Верн од 1872 година, во кој, за облог, Филеас Фог патува низ светот за 80 дена со различни средства: и традиционални и нови.

Дејството започнува во Лондон, 1872 година. Кога Филијас Фог добива анонимна, рачно испорачана разгледница, само со порака „Кукавица“ напишана на задната страна, тој е потресен до срж.

Толку многу што тој се обложува против својот пријател Белами за да докаже дека може да патува низ светот за осумдесет дена. Тој тргнува со својот нов пријател, Жан Паспарту, а новинарката Абигејл Фикс му се придружува за да го документира патувањето.

Серијата била реализирана со копродукциска алијанса на France Télévisions, ZDF од Германија и RAI од Италија, со дополнителни копродукциски партнери на Masterpiece (САД) и Be-Films/RTBF (Белгија). Продуциран е во В. Британија, Франција и Јужна Африка, а снимањето се одвивало и во Романија.

Секоја недела на МТВ 1 во 15 часот.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во недела се будиме со „Големото американско железничко патување”

Во серијата „Големо Американско железничко патување“ Мајкл Портиљо ги истражува Соединетите Американски Држави тргнувајќи од …

error: Содржината е заштитена!