Почетна / Сапуници / Кој ќе биде дел од 4-та сезона на „Величествениот“

Кој ќе биде дел од 4-та сезона на „Величествениот“

 

Дури и по острата реакција на турскиот премиер Реџеп Ердоган под итно да се прекине снимањето на серијата „Величествениот“ – тоа нема да се случи. Продукциската куќа TIMS објави дека Бали-бег ќе остане до крајот на третата сезона и оти почнуваат со снимање на четвртата. Со веста дека храбриот и згоден Бали-бег ќе остане до крајот на третата сезона, откако обожавателките вршеа притисок, TIMS објави дека сагата за султанот Сулејман ќе продолжи да се снима барем за уште една сезона, баш како што планирала починатата сценаристка Мерал Окај. Четвртата сезона од серијата во Турција ќе се снима и емитува од август до април следната година и покрај настојувањето на турскиот премиер да се укине истата сметајќи дека ги искривува историските факти. Серијата моментално се емитува во 53 држави.

 

 

 

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!