Скопјани го одржаа својот збор, за неколку дена успеаја да се организираат и масовно да излезат на градскиот плоштад за да станат дел од светскиот тренд наречен „Харлем шејк“. Организацијата беше успешна, се појавија над 3.000 танцувачи и буквално шизнаа. Како што е редот видовме смешни маски, голотија и други различни реквизити кренати во воздух, најголем хит дефинитивно беше велосипедот. Настанот е снимен со професионална камера, монтажата е во тек, резултатот ќе го видиме во понеделник околу 19 часот.
фото: МКД
{gallery}022013/harlem-skopje{/gallery}
Крис Манев | ТВ Пакет