Почетна / Забава / Евровизија / Првата избрана песна за Евровизија 2025 е на македонски автор

Првата избрана песна за Евровизија 2025 е на македонски автор

Иако Македонија трета година по ред нема да учествува на Евровизија, нашите композитори пишуваат за другите земји. По изборот во Црна Гора кој помина и со скандалот од кои се повлекоа победниците поради јавното емитување на нивната песна пред зададениот рок, РТЦГ се одлучи за второто место. Тоа е песната Добро дошли чиј аранжан го направи македонскиот композитор Дарко Димитров.

Со тоа Македонија всушност како и лани со песната на Грузија индиректно ќе ја има на Евровизија. Во други земји веќе се знае дека повеќе автори конкурирале со свои песни за нивните национални избори. Засега непотврдено, но се очекува и некои од пејачите да земат учество во некоја од земјите од регионот.

Поради тригодишното отсуство од Евровизија, овој начин е единствениот на кој нашите автори може да се претстават пред 300 милионската публика за време на Евровизија. Голем број земји не учествуваат на јуниорската Евровизија, и своите финанси ги надочуваат кон главната Евровизија, Македонија треба да го следи тој пример од овие земји.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Холандија потврди учество дури и на Евровизија во 2026-та година

Откако оваа година се случи скандалот со исфрлање на Холандија од финалето на Евровизија 2024 …

error: Содржината е заштитена!