Фолк-иконата Виолета Томовска ја изненади јавноста со нова музичка преработка на нејзината легендарна песна „Заиграј со мене“. Оваа преработка доаѓа како емоционално сеќавање на музичкиот соработник Милан Завков, кој ненадејно го напушти светот минатата година, и како почит кон 60-годишниот јубилеј на Томовска.
Новата верзија на песната, во која учествуваат дуото Дац и Александар, е резултат на визијата на продуцентот Александар Митевски, кој го создаде аранжманот.
„Песната ја оживеавме за сите генерации – повозрасните да се потсетат, а младите да ја откријат“, велат Дац и Александар. Томовска, која ја сними песната со неверојатна леснотија, признава дека ова снимање ја врати во времето кога првпат работеше со Завков.
Оваа преработка, која почнува со оригиналната верзија од 1990 година, е вистинска почит кон Завков и инспирација за новите генерации. Томовска со радост ја прифати идејата, велејќи дека тоа е чест и потврда за нејзината долготрајна кариера, која опфаќа над 1.000 снимени песни и голем број концерти низ светот.
Дани | ТВ Пакет