Италијанска продукција по празниците следува на Телма. Во прајмтајм, во добро познатиот термин по Топ тема веќе од 8 јануари ќе ја следите љубовната драма за неуспешниот адвокат „Винченцо Малинконико“.
По завршеток на оваа серија, во истиот термин се планираат и италијанските драмски серии „Мина Сетембре“ и „Живеј и остави да живеат“.
Oсвен овие три италијански серии кои се продолжение на минатогодишниот циклус италијански серии на Телма, веднаш по Новата година на оваа фреквенција ќе ги следите и документарните филмови кои ги раскажуваат фасцинантните животни приказни на светската ѕвезда на Формула 1 – Енцо Ферари, скијачкиот шампион Алберто Томба и виртузниот пијанист и композитор Еѕио Босо.
Дани | ТВ Пакет