Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Кога се сака, се може – Канал 5, Алфа и ТВ 24 со одлична Бадникова програма

Кога се сака, се може – Канал 5, Алфа и ТВ 24 со одлична Бадникова програма

Конечно дојде денот да здивнеме од политичките емисии, од турските маратонски дневни сапуници и од маратонската српска емисија “Проводаџија”.

Наместо овие содржини кои со години го пополнуваат прајмтајмот, за Бадниковата вечер на Канал 5, Алфа и ТВ 24 гледаме нешто сосема поинакво.

Ударниот термин на Канал 5 овој Бадник го поминуваме со незаборавните рефрени на македонските шлагери испеани од Драган Мијалковски. Јубилејниот концерт на македонската легенда успеа да нѐ разигра и разнежни оваа вечер, а ништо помалку не заостана ни забавната програма на Алфа.

Имено, конечно наместо да гледаме како српски мажи си бараат жени во риалити емисијата “Стројник”, оваа вечер на Алфа го следиме концертот „Македонијо во срце те носиме“, одржан во Филхармонија.

Некои од најубавите патриотски песни отпеани од Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, ДНК, Наум Петрески, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Андријана Јаневска, Марија Спасовска, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски, публиката има можност да ги чуе оваа вечер на Алфа, во придружба на симфониски оркестар.

За преработките, но и оркестрациите на сите 15 нумери е задолжен маестро Николче Мицевски, додека симфонискиот оркестар музицира под диригентската палка на Сашо Татарчевски.

Низ целиот музичко-драмски перформанс публиката ја води актерот Дејан Лилиќ.

Македонската Филхармонија со свечен концерт по повод 20 години постоење на музичката сцена на пејачката Дани ни влезе во домовите и преку фреквенцијата на ТВ 24.

Ќути, се дише оваа вечер, добро е.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Готвачот Филип: За два дена, ќе ги научам сите да јадат боранија и грашок

Последното издание на „Нешто Конкретно“ донесе машки гости, а темата беше како се станува Маж …

error: Содржината е заштитена!