Постојат многу стереотипи за инфлуенсерството во Македонија, со оглед на тоа дека на социјалните мрежи “врие” од личности кои се самопромовираат како инфлуенсери и мислат дека може да се носат рамо до рамо со вистинските инфлуенсери. Лице што има влијание; што ги инспирира или ги насочува постапките на другите; што може да предизвика интерес за нешто (како реклама за производ за широка потрошувачка) со промовирање на социјалните мрежи е инфлуенсер, по дефиниција.
А, како тоа изгледа во пракса? Отворете само социјални мрежи и ќе видите еден куп самопрогласени инфлуенсери и луѓе во обид да станат тоа.
Но, за тоа треба и стил и вкус.
А токму тој стил и вкус го има Миа Костова, која е една од ретките вистинските инфлуенсерки во нашта земја. Девојка која не само што изгледа убаво и лично, туку плени со една природна харизма, квалитетен начин на изразување, на облекување, на јадење, на однесување, на рекламирање.
Отмена, спонтана, своја, урбана, девојка со големо животно искуство.
Не е ни чудо што голем број квалитетни брендови токму на неа и ја имаат укажано довербата да ги промовира нивните производи и/или услуги и не е ни чудо што токму таа имала големо влијание и во поттикнување за собирање на финансиски средства во многу донации кои кружат низ интернет просторот.
Затоа – не секој е и треба да биде инфлуенсер. Тоа се луѓе со уникатни вредности, кои не изгледаат ниту звучат смешно, потценувачки или евтино во очите на другите.
Дани | ТВ Пакет