Почетна / Забава / Пепси те носи на концерт на Бијонсе

Пепси те носи на концерт на Бијонсе

 

На 18-ти февруари започна наградната игра на Пепси, каде сите обожаватели на овој бренд и фанови на Бијонсе ќе добијат можност да се натпреваруваат за една од 100-те вредни награди и секако за 20-те влезници за концертот на Бијонсе. Наградната игра ќе трае се до 31-ви март. Критериумите за учество се едноставни, потребно е само да бидете фанови на Пепси Македонија фан страната на Фејсбук и да ги следите правилата на игра. Исто така, 10-те најактивни учесници во наградната игра по автоматизам ќе одат на концерт.

 

 

„Сакаме да ги изненадиме нашите потрошувачи и да им понудиме едно незаборавно искуство кое е микс од вкусен пијалак и одлична забава. Брендот Пепси е вистински избор за голем број наши потрошувачи, кои се воедно и фанови на познатата музичка ѕвезда Бијонсе и затоа одлучивме да ги изненадиме преку оваа наградна игра“, изјави Александар Чатлески, бренд менаџер на брендот Пепси од Прилепска пиварница.

 

 

Светската турнеја на Бијонсе насловена како „The Mrs. Carter Show World Tour“, започнува на 15-ти април со концертот во Белград. Се очекува Белград да биде почеток на едно спектакуларно музичко и визуелно доживување. Среќните добитници на една од 20-те влезници, ќе ја имаат таа привилегија да бидат првите кои ќе го видат овој спектакл кој потоа продолжува да се одржува во останатите земји во Европа и светот. Пепси секогаш ги изненадува своите фанови и овој пат им нуди едно незаборавно доживување да бидат едни од првите сведоци на ова музичко шоу.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен нов датум за новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“

Поради огромниот интерес и целосно распродадениот прв датум на новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!