Почетна / МК Сцена / Ѓоко Јовиќ и „Енерџи Бенд“ на јубилејното издание на „Ромски бал 2025“

Ѓоко Јовиќ и „Енерџи Бенд“ на јубилејното издание на „Ромски бал 2025“

На 18-ти јануари во хотелот Александар Палас се одржа 45-тиот традиционален „РОМСКИ БАЛ 2025“.

Настанот кој секоја година ги обединува љубителите на ромската култура и музика од целиот свет, годинава го слави својот јубилеј.

Ова издание пон уди незаборавна програма со настапи на повеќе од 20 врвни музички ѕвезди од Македонија и регионот. Како мега ѕвезди на настанот оваа година беа Сека Алексиќ, Ѓоко Јовиќ, Теа Таировиќ и Адил Максутовиќ.

– Ми претставува голема чест да бидам поканет и да бидам дел од оваа манифестација која традиционално собира илјадници гости од целиот свет. Со момците од мојот „Енерџи Бенд“ ветуваме уште една одлична забава и концерт кој долго ќе се памети. Ја користам приликава да ве поканам сите да дојдете вечерва и да се дружиме таму, изјави пејачот Ѓоко Јовиќ пред почетокот на балот.

По завршувањето на „РОМСКИ БАЛ 2025“, Ѓоко Јовиќ и „Енерџи Бенд“ патуваат за соседна Бугарија каде ќе одржат голем спектакуларен концерт. По Бугарија, следуваат концерти и во Германија, Швајцарија, Шведска и Шпанија. Нивната агенда за 2025-та година е целосно пополнета и веќе се договараат термини за средината на 2026-та година.

Како потсетување, Габриел Бајрам ја продолжи традицијата на неговиот татко, починатиот пратеник Амди Бајрам, и веќе години наназад го организира „Светскиот ромски бал“ по сите светски стандарди. Водителка на настанот и оваа година беше нашата популарна водителка Лила Стојановска.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Нова песна на Драги Иванов пред крајот на годината

Драги Иванов, кој оваа година сподели три нови песни, ја заокружува 2024 со уште една, …

error: Содржината е заштитена!