Почетна / Живот / Македонија денеска се сеќава на Борис Трајковски

Македонија денеска се сеќава на Борис Трајковски

 

Македонија денеска се сеќава на трагичната авионска несреќа во која загина поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Во трагичната несреќа животот го загубија и Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски, Анита Кришан Лозановска, Миле Крстевски, Борис Велинов, Аце Божиновски, Марко Марковски и Бранко Ивановски.

 

 

Несреќата се случи во близина на градот Мостар во Босна и Херцеговина. Борис Трајковски е роден во Струмица на 25. јуни, 1956-та година. По повод трагичната смрт денеска во неговата родна Струмица ќе биде прикажан 60-минутниот документарен филм „Верувам во Македонија“ на режисерот Горан Тренчовски.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!