Почетна / Живот / Сценаристот и режисер Јани Бојаџи ја промовираше „Гледна точка“

Сценаристот и режисер Јани Бојаџи ја промовираше „Гледна точка“

„Гледна точка“ на познатиот сценарист, продуцент и режисер Јани Бојаџи спојува научна анализа со белетристички елементи, со што е наменета за сите љубители на филмската уметност, без разлика дали се професионалци или ентузијасти.

Книгата „Гледна точка“, која беше промовирана во Кинотеката на Македонија, е комплексно дело што ја истражува уметноста и техниката на филмот од научен и практичен аспект.

Бојаџи успева да ја прикаже кинематографијата низ призма која ќе инспирира и професионалци и љубители, со што создава дело што е истовремено и учебник и извор на инспирација.

Како што истакнува авторот: „Книгата од научен аспект го обработува проблемот на кинематографијата, на филмот, поточно на режисерот како генератор на сите проблеми во уметноста на филмот. Но, ја адаптирав на ниво на белетристика за да може да ја чита не само читател кој е инволвиран во уметноста на филмот, туку и најобичен читател.“

Промоторот на книгата, Александар Русјаков, смета дека „Гледна точка“ нуди можност за читање на повеќе нивоа: како учебник за студенти и како инспиративно дело за сите љубители на филмот.

„Кога ја земав книгата, првата мисла ми беше дека се наоѓам пред научно дело кое бара концентрација и посветеност. Но, како што напредував низ страниците, увидов дека тоа не е обично научно четиво. Тоа е книга што се чита со леснотија и инспирација, секоја спектакција носи нова перспектива и ново разбирање на филмската уметност. Она што Бојџи го постигнал е нешто што се гледа – спој на длабока стручност и лесно наративен стил кој ги повикува читателите да размислуваат, но и да се восхитуваат“, додаде Русјаков.

Со многу љубов и посветеност, Бојаџи ја напишал книгата врз основа на трудовите објавувани во последните десет години.

Во неа, како што самиот истакнува, се содржани стотици цитати од познати филмски дела и автори, што дополнително ја збогатува и ја прави привлечна за сите кои сакаат да проникнат подлабоко во светот на кинематографијата.

Со „Гледна точка“, Јани Бојаџи не само што ја збогатува македонската книжевна сцена, туку и поставува нови стандарди во интердисциплинарниот пристап кон уметноста. Ова дело, кое носи уникатна комбинација на научен и литературен израз, несомнено ќе привлече широка читателска публика и ќе остави значаен печат во областа на филмската уметност.

На промоцијата, која беше посетена од голем број љубители на филмот и литературата, имаше и премиерна проекција на трејлерот за новиот игран филм на Бојаџи, „Утре наутро“.

Трејлерот за „Утре наутро“ ветува современа политичка драма, која, според впечатокот од присутните, ќе предизвика силни емоции и размислувања кај публиката.

Јани Бојаџи е доктор на науки, професор по филмска и телевизиска режија и директор на Телевизија Алфа од 2019 година. Автор е и на повеќе филмски и телевизиски остварувања, а ова е неговото прво литературно дело.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен е вториот инкубаторски повик на Стартап Клуб Скопје

Време е за нови стартап бизниси на нашата сцена! – Стартап Клуб Скопје првиот централен …

error: Содржината е заштитена!