Почетна / Сапуници / Турската љубовна драма „Сафир“ доаѓа на малите екрани

Турската љубовна драма „Сафир“ доаѓа на малите екрани

На една македонска телевизија, од идната недела започнува со прикажување турската љубовна драма “Сафир” .

Приказна сместена зад зидините на древните конаци и во нишките на вековната традиција, каде животите на едно семејство ќе бидат уништени од една голема трагедија, а огнот на одмаздата ќе почне да се разгорува толку силно што ништо повеќе нема да може да го згасне.

Јаман, Окан и Атеш се тројца браќа, наследници на големото богатство на семејството Ѓулсој. По годините минати во странство, во своето родно место се враќа Атеш за да им се придружи на неговите браќа во  проширувањето на семејниот бизнис, основан од нивниот доминантен дедо.

Но, неговите браќа со цел да се заштитат себеси, но и семејната чест, ќе бидат приморани да прикријат убиство на еден влијателен човек од местото.

Тие ќе бидат уценети од злобната и алчна слугинка Џемиле – доколку сакаат овој злостор да остане прикриен, тогаш Јаман ќе мора да ја напушти нејзината паштерка Фераје и да се ожени со нејзината ќерка Алејна.

За да го заштити брата си, Јаман ќе мора да се согласи на таа страшна уцена и да ја напушти саканата, а за Фераје следува големо разочарување и гнев кон Јаман.

Од понеделник до петок, Сафир – нова играна серија за голема љубов, сурова одмазда и неочекувани заплети.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Πсихолошката драма „Невиност” продолжува на малите екрани

Базирана на вистинска приказна, “Невинoст” е психолошка драма, чии автори го следеа теркот на популарните …

error: Содржината е заштитена!