Во вчерашната емисија „Само Интервју“ гостин беше г-дин Сашо Орданоски , кој со неговите ставови предизвика бура на реакции кај политичките и општестевните чинители, па затоа Канал 5 ТВ ја информира јавноста со следново соопштение кое ви го пренесуваме во целост :
“Канал 5 ТВ како општествено одговорен медиум и телевизија која е единствена и уникатна во претставувањето на сите релевантни општествени и политички чинители во Македонија на својата програма, јасно и недвосмислено уште еднаш нагласува дека ставовите на нашите гости никако не се ниту ќе бидат ставови и рефлексија на нашата уредувачка политика.
Вчудоневидени сме од вчерашниот настап на г-динот Сашо Орданоски кој со неопислива леснотија ја таргетираше новата аминистрација на нашиот најголем стратешки партнер – САД.
Исто така, ги осудуваме искажаните навреди, клевети и шпекулации од страна на Сашо Орданоски кои не би сакале да веруваме дека беа малеволентни вербални стрели при неговото опишување на карактерот, образованието и општествено-политичкото дејствување како на американскиот претседател Трамп така и на неговото потесно семејство и соработници.
За крај, Канал 5 ТВ и натаму ќе остане уникатна демократска медиумска платформа, отворена за сите различните гледишта и ставови, афирмативни или критични, но секој оној кој ќе ја (зло)употреби дадената минутажа и фреквенција на Канал 5 ТВ, треба да очекува дека ќе биде предмет на судот на јавност во Македонија.
Иван С. Мирчевски
Канал 5 ТВ”