Шокантна вест од Индија за сите фанови на „Малечката невеста“. Актерката Пратиша Банерџи ја напушта серијата, а ликот на измачената хероина, Ананди, го презема нова актерка, Торал Распутра. Ова веројатно силно ќе влијае и на гледаноста на самата серија чиј крај е планиран за месец мај со 1.300 епизоди. Продуцентите на серијата се особено бесни на неочекуваната одлука на актерката да го напушти проектот само два месеца пред крајот!
Крис Манев | ТВ Пакет