„Дами во бPeоја на лаванда“ е британски филм и режисерско деби на актерот Чарлс Денс.
Филмот е заснован на приказна на Вилијам Џеј Лок во која две сестри се борат за наклонетоста на маж двојно помлад од нив. Мирниот живот на двете стари сестри се променил кога на брегот пронашле удавено момче.
Предвоена Англија, постари дами, сестри, Урсула (Џуди Денч) и Џенет (Меги Смит), живеат мирен живот во нивната куќа на брегот на Корнвол. Едно утро, по силна бура, сестрите гледаат давеник исфрлен покрај морето на брегот. Го спасуваат и му помагаат да оздрави. Тие комуницираат на германски јазик, а во исто време го учат и англискиот јазик.
Неговиот брод бил на патување за Америка, каде што тргнал во потрага по подобар живот. Наскоро сестрите се зближуват со него, а другите жители на градот се сомневаат во таа врска. Особено кога се спријателил со Германката Олга…
Петок, 28 февруари, 21 часот, МРТ 1 – романтичната комедија “Ladies in lavender”.
Дани | ТВ Пакет