Почетна / Серии / Телма ќе ја репризира и француската серија „Убиецот покрај езерото“

Телма ќе ја репризира и француската серија „Убиецот покрај езерото“

По “Тајната покрај езерото”, Телма ќе ја репризира и “Убиецот покрај езерото” чија прва епизода ќе се емитува на Телма во вторник, 11 март во 20.30 часот.

Во Анеси, Лиз Стокер, полицаец и Кловис Бувие, жандарм, водат мирен живот и се грижат за нивното прво дете Том, кој има само девет месеци. Мајката ја продолжи својата професионална кариера и сега се пред нов предивик да отворат тешка истрага и да се обидат да уапсат страшен убиец на жени…

Пронајдени се тела на две жени, убиени една по друга. Лиз и Кловис не се сомневаат дека е дело на сериски убиец. Ова на Лиз ѝ буди болни спомени, и таа мора да се соочи со своето минато. Кловис се соочува со своите демони, но, тие двајца ќе мора да се здружат и да работат како тим ако сакаат да успеат да го пронајдат убиецот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најдрагата српска серија „Среќни луѓе“ повторно со вас

Кроз прозоре нашег дома, видим твог живота део склапам очи и тешим се да си …

error: Содржината е заштитена!