Наместо премиерна програма, во ек на телевизиска сезона, Телма телевизија реши да репризира странски серии, емитувани минатата сезона на нивната фреквенција.
Па така, термините од 20.30 часот и 23.30 часот се пополнуваат со репризи на веќе емитувани серии.
Доколку споредиме со другите национални телевизии, во 20.30 часот ниту на МРТ ниту на Сител ниту на Канал 5 не се емитува репризна содржина во прајмтајм, додека пак и во полноќните термини одат премиерни американски полициски серии на Сител и премиерни американски филмови на Алфа.
Што се случува со Телма и зошто е оваа програмска ситуација ваква? Дали телевизија Телма знае што се ударни термини во телевизиска сезона и дека истите на сите сериозни телевизии во регионот и светот се опфатени со премиерна програма (серии, формати)?
На страна нашите телевизии, дури и сите телевизии во регионот и во доцните ноќни термини емитуваат премиери. Па така, на Нова, RTL и ХРТ во Хрватска по 23.30 часот одат премиерни филмови …
… во Бугарија е слична ситуацијата со премиерни американски серии и филмови, а да не зборуваме за другите европски телевизии.
И за напомена – освен сериите, во текот на денот на Телма се репризираат и квизот “Заврти на Телма” и шоуто со Кате и Ненад.
Дани | ТВ Пакет