Почетна / Сапуници / Само во Македонија, драмски мелодрами не се емитуваат на државната тв

Само во Македонија, драмски мелодрами не се емитуваат на државната тв

За љубителите на дневни фамилијарни и романтични саги, секоја државна телевизија во целиот регион одвојува простор во својата програма.

Па така, буквално сите национални телевизии емитуваат по некоја драмска серија и/или теленовела, која со години е неизоствен дел од програмската шема.

На српската РТС секоја вечер се прикажуваат португалската интригантна теленовела “Горчлива одмазда” и италијанската костимирана “Женски рај”, a пак на црногорската оди мексиканската медицинска новела за “Докторката Лусија”.

Босанската државна телевизија, пак, емитува турски серии и тоа една семејна комедија и една романтична комедија…,

… додека пак на хрватската ХРТ секојдневно се емитуваат една португалска модерна теленовела и една шпанска епохална сапуница во пладневните термини.

ХРТ важи за телевизија која со децениции наназад одвојува простор за ваквите телевизиски содржини кои несомнено се омилени кај женската и повозрасната публика, па без разлика што се менуваше уредништвото на телевизијата низ годините, сите уредници беа согласни дека ваква програма е неизбежно да има.

На бугарската национална БНТ се емитуваат исто така драмски серии, и тоа италијанската историска романса “Жртви на љубовта” и арапската семејна сага “Ал Хаиба”.

Албанците на националниот сервис следат италијански и шпански семејни сапуници…,

… а Грците секојдневно уживаат во домашната  сапуница зa “Електра”, жена угнетена од традициите и етикетата на малото островско општество.

Малку подалеку, но сепак Балкан – на словенечката државна тв оди секојдневно домашна романтична мелодрама “Страсти”, а на романската попладне одат корејски мелодрами.

Но, што е со Македонија? Зошто гледачите на државниот радиодифузен сервис немаат можност да следат ваков тип на серии? Гледачите ги бараат, публиката ги обожува.

Дали е време конечно и МРТ 1 да одвои простор за овие содржини, имајќи предвид дека во минатото, токму овој тип на серии беа особено популарни и барани на МРТ? Дали е време и Македонците конечно да застанат рамо до рамо макар со регионот, ако веќе не можеме со Европа и светот?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турската љубовна драма „Сафир“ доаѓа на малите екрани

На една македонска телевизија, од идната недела започнува со прикажување турската љубовна драма “Сафир” . …

error: Содржината е заштитена!