Според многумина најзгодниот турски актер, Киванч Татлитуг, наскоро се враќа на малите екрани во серијата „Небо и земја“. Киванч за улогата на непредвидливиот, див Север доби најдобри критики, но и бројни награди во Турција и пошироко. Еден од најбараните турски актери, поранешен модел и кошаркар кој сите турски медиуми го нарекуваат Бред Пит од Блискиот исток, влече корени од Босна и Херцеговина. Во интервју за еден турски телевизиски канал Киванч изјави дека сеуште ги истражува своите корени кои ги влече од Босна. Земјата на своите претци ја запознал во 2008. година кога за потребите на снимањата на една епизода од „Љубов и одмазда“ го посетил Мостар. Со себе понел убави спомени, меѓу кои и скокот од Стариот мост, на кој морал да снима без каскадер. Киванч и покрај сите титули и факти дека се има појавено на насловните страници на светските магазини, сеуште е скромен и приземен.
„Секако дека се сакам себеси, но никогаш не стојам пред огледало и не се одушевувам од својот изглед. Изгледот е подарок од Господ. Сакам моите таленти да зборуваат за мене, а не убавината“, вели Киванч кој неодамна, по четврти пат, ја раскина 12-годишната врска со поранешната мисица на светот, убавата Азра Акин, Ејлу од „Време на дождови“.
Крис Манев | ТВ Пакет