Во програмскиот водич на телевизија Алфа, за ден – понеделник стои емитување на емисија во живо наречена “Во фокус”.
Покрај Седмица, Вечерното шоу на Богдан Илиевски, За или против, Заспиј ако можеш… ова е уште една во низата емисии на Алфа кои во фокус ја ставаат политичката домашна сцена.
Но, она што е невообичаено токму за овој тв проект е што во понеделник (10.03.2025) истиот не се емитувал, иако во програмската шема стои негово прикажување. Од она што успеавме да пребараме низ интернет просторот, последно емитувано издание било пред повеќе од месец дена, поточно на 10 февруари 2025.
За други емисии од оваа година не успеавме да најдеме резултати на интернет (можеби и има), а за ланската година во пребарувањето, резултат излезе за емитувано издание во април 2024 година.
Па, затоа прашуваме – кога воопшто се емитува оваа телевизиска емисија, дали има стандарден термин на емитување и зошто нејзино понеделничко прајмтајм емитување сѐ уште стои во програмската шема на веб страната на телевизија?
| ТВ Пакет