По емисијата од средата (19 март) на “Само Вистина”, новинарот и уредник Александар Видиновски добил закана преку својот профил на Facebook од извесен корисник.
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со загриженост реагира и поднесе пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје во врска со заканата упатена кон новинарот и уредник Александар Видиновски од Канал 5 телевизија, по емисијата Само вистина емитувана вчера.
Во коментарот било наведено: „Внимавај што зборуваш, немој да пливаш во длабоки води за да не се удавиш.“
ЗНМ бара од надлежните институции итна и ефикасна реакција, со цел да се утврди одговорноста на сторителот и да се обезбеди заштита на новинарите од вакви притисоци. Ваквите закани претставуваат директен атак врз слободата на медиумите и имаат за цел да ги заплашат новинарите во извршувањето на нивната работа.
ЗНМ ќе продолжи да инсистира на правна разрешница на овој случај и на обезбедување безбедни услови за работа на новинарите во земјата.
Безбедноста на новинарите е од најголема важност за функционирање на демократијата.
Дани | ТВ Пакет