Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (55. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (55. продолжение)

Лукреција немаше друг излез освен да разговара со Анибал. Откако Алис се закани дека може да стори се ако Анибал продолжува да инсистира на потомство, загрижената мајка го посети својот зет пред визбата, каде што Анибал ги завршуваше дневние обрски под сонцето во залез.
– Анибал, сакам да зборувам со тебе.

 

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 55 – „Елиса ја споделува тајната со својот брат“

 

Лукреција немаше друг излез освен да разговара со Анибал. Откако Алис се закани дека може да стори се ако Анибал продолжува да инсистира на потомство, загрижената мајка го посети својот зет пред визбата, каде што Анибал ги завршуваше дневние обрски под сонцето во залез.
– Анибал, сакам да зборувам со тебе.
– Што можам да сторам за тебе, Лукреција?
– Зборував со Алис, – почна помалку исплашено. Влегуваше во дискусија од која не го знаеше фитбекот.
– Не сакам да ми се мешаш во мојот брак, – ја пресече уште на почетокот.
– Ова е нешто што ме засега и мене. Алис ми кажа за случувањето од утрово.
– Не требало да ти каже. Интимата помеѓу сопружниците треба и мора да остане во брачната соба.
– Зарем немаше доверба во мене, Анибал? Повеќе?
– Не сум должен да ти давам репорт за она што ми се случува со Алисиња.
– Анибал, сослушај ме…Ти си добар човек, секоја жена би била среќна да те има крај себе.
– И ти?, – ја праша смело и директно.
– Да. И јас. Но, судбината сакала да биде поинаку.
– Судбината? Што е судбина, Лукреција?
– Анибал…те молам, чувај ја мојата ќерка, те проколнувам.
– Лукреција, не сакам да разговарам со тебе. Остави ме те молам.
Таа немаше што повеќе да каже. Го спушти погледот, а нејзините долги трепки како сенки ги поклопија нејзините костенливи очи. Замина без збор.

Алис имаше потреба да разговара со својата братучетка Елиса, која беше заклучена во собата како животно. Антониета, која ги имаше клучевите од вратата и дозволи на Алис да влезе во собата, но само на петнаесетина минути.
– До кога ќе ме држите затворена овде?, – праша Елиса, изрипувајки од креветот.
– Додека не се смирите, – со ладен тон и одговори домарката. Ги остави двете дами сами и ја напушти собата.
– Ти се колнам дека не можам да издржам повеќе, Алис, – со солзи во очите и се пожали Елиса.
– Елиса, мораш да бидеш мирна, – ја советуваше Алис, земајки ја за раката.
– Не можам да бидам мирна додека не знам како е Енцо.
– Сакаш да го видиш?
Идејата беше примамлива и Елиса знаеше дека Алис може да ј апрекрива. Но, по кратко размсилување, одби.
– Не, си имаш и онака доволно проблеми. Ќе одам кога ќе ме ослободат одовде.
– Ако дознае татко ти, се плашам дека нема да останеш само затворена во соба, Елиса.
– Никој не може да ме раздели од Енцо. Ниту мојот татко, – решителен беше гласот на девојката.
– И кој ти е планот?
– Да заминам со него, далеку, да живееме на некое друго место, Енцо е единствената причина поради која живеам.

Енцо полека стана од креветот. При секое движење чуствуваше неподнослива бол во раката. Предмалку некој затропа на вратата од колибата. Кристина отиде да отвори. По гласот позна дека е Бруно Мендоса, еден од работниците на Темпестад. Кога излезе од собта го забележа Бруно со својата сопруга Флора.
– Што можам да сторам за тебе, пријателе?
– Дон Фаусто не истера од фазендата, газда. Откако виде дека ви помагаме во потрагата на злато. Мојата жена и јас немаме каде да одиме.
– Можете да останете овде, – кратко и јасно предложи Енцо.
– Сигурен ли си дека тоа е добра идеја, фратело?, – го праша Кристина.
– Секако.
– Но, овде нема место…
– Кога под еден кров има место за двајца, има место и за тројца.
– Ви благодариме на големата добрина, газда, – низ широка насмевка рече селанецот пред да замине со својата скромна сопруга.
– Мене ова не ми мириса на добро, Енцо, – рече Кристина. – Селаните од Назаре ќе почнат да те гледаат како светец заштитник. Во ова село добрината никогаш не поминува на арно, фратело.
– Ако мислиш дека се плашам од Фаусто Катсењон, грешиш, Кристина.

Марија Грација го послужи својот сопруг со ручек, пред да им се врати на обврските на фазендата. Антенор се послужи со црвено вино пред да посегне по чинијата со каша, кога го повика името на својата сопруга.
– Ако од мене бараш да не одам да го видам Енцо, знај дека само си го губиш времето, Антенор.
– Зборував со газдата…За Моналиса, – рече тој.
Марија Грација застана на вратата и го заврте погледот.
– И што ти рече?
– Дека Моналиса ја гледа како дете. Дека никогаш не би ја допрел.
– Не, јас не му верувам на тоа чудовиште.
– Ќе мораш да му веруваш како што му верувам и јас.

Кога падна ноќта, по вечерата, Анибал зеде дел од вечерата и ја понесе со себе во собата на својата сестра.
– Анибал, те молам пушти ме одовде, не ме држете затворена како куче.
– Елиса, нека ти биде јасно дека нема да излезеш од оваа соба додека не го промениш тоа однесување.
– Но, како да го променам моето однесување, кога никој од мојата фамилија не сака да ме види среќна.
– Како можеш да го кажеш тоа, Елиса? Сите сакаат да бидеш среќна, зарем не сфаќаш?
– Ако навистина сакате да бидам среќна, ќе ме оставите да бидам со Енцо.
– Не треба да бидеш со Енцо, сестро, тој човек не е за тебе.
– Не е за мене, но за мама е?
– Што треба да значи тоа?
– Мама е вљубена во Енцо, затоа не сака да му приоѓам!
– Какви се тие бесмислици, Елиса?
– Мама го љуби Енцо.
“Мама го љуби Енцо. ““Мама го љуби Енцо. “!!!
Зборовите на неговата сестра му одекнуваа како камбанарија во главата.

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!