Новинарот и уредник на Канал 5 телевизија Александар Видиновски денска доби признание од невладната „Генералка викенд“ за неговата серија репортажи за Скопје и хигиената во градот.
Од организацијата велат дека оваа благодарница е поради огромиот придонес на Видиновски за подигање на јавната свест кај граѓани и институциите дека грижата за животната средина и општата хигиена е директно поврзана со многу аспекти од нашето живеење. Тоа е национално прашање на кое мора сите да работиме.
Од „Генаралка“ сметаат дека Видиновски е еден од ретките новинари во Македонија, кој самоиницијативно и активно работи на овие теми кои се од големо значење за Македонија.
Дани | ТВ Пакет