Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (56. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (56. продолжение)

Кога падна ноќта, по вечерата, Анибал зеде дел од вечерата и ја понесе со себе во собата на својата сестра.
– Анибал, те молам пушти ме одовде, не ме држете затворена како куче.
– Елиса, нека ти биде јасно дека нема да излезеш од оваа соба додека не го промениш тоа однесување.
– Но, како да го променам моето однесување, кога никој од мојата фамилија не сака да ме види среќна.
– Како можеш да го кажеш тоа, Елиса? Сите сакаат да бидеш среќна, зарем не сфаќаш?
– Ако навистина сакате да бидам среќна, ќе ме оставите да бидам со Енцо.
– Не треба да бидеш со Енцо, сестро, тој човек не е за тебе.
– Не е за мене, но за мама е?
– Што треба да значи тоа?

 

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 56 – „Естер и Енцо се љубовници“

 

Кога падна ноќта, по вечерата, Анибал зеде дел од вечерата и ја понесе со себе во собата на својата сестра.
– Анибал, те молам пушти ме одовде, не ме држете затворена како куче.
– Елиса, нека ти биде јасно дека нема да излезеш од оваа соба додека не го промениш тоа однесување.
– Но, како да го променам моето однесување, кога никој од мојата фамилија не сака да ме види среќна.
– Како можеш да го кажеш тоа, Елиса? Сите сакаат да бидеш среќна, зарем не сфаќаш?
– Ако навистина сакате да бидам среќна, ќе ме оставите да бидам со Енцо.
– Не треба да бидеш со Енцо, сестро, тој човек не е за тебе.
– Не е за мене, но за мама е?
– Што треба да значи тоа?
– Мама е вљубена во Енцо, затоа не сака да му приоѓам!
– Какви се тие бесмислици, Елиса?
– Мама го љуби Енцо. Затоа е љубоморна.
– Ти комплетно си полудела. Како можеш да кажеш нешто такво? Мама никогаш не би погледнала во друг маж.
– Грешиш, Анибал, мама не е личноста за која ти и сите други мислите дека е.
– Елиса, знаеш дека Господ ќе те казни затоа што зборуваш грешно за своите родители?
– Анибал ти се колнам дека ја зборувам вистината.
– Не биди лицимерна, те молам. Ти само сакаш да ја уништиш оваа фамилија,- дрско и одговори и ја напушти собата, оставајки ја во уште поголем очај својата помлада сестра.

Во меѓувреме, како крадец во ноќта, облечена во црна мантија, Естер се прикраде во кујната и ја наполни крошната со намирници, несвесна дека зад вратата будно ја следеа очите на Антониета. Внимателно и на прсти ја напушти кујната и се упати кон колибата на Енцо.
– Јас сум, – рече тивко кога влезе во колибата.
Енцо лежеше на креветот. Неколкуте запалени свеќи го осветлија ликот на убавата Естер и нејзините очи во жад боја светеа во мракот како најсјани ѕвезди.
– Што бараш тука?, – ја праша, полека станувајки од постелата.
– Дознав што се случило и сакав да видам како си, – одговори таа, вадејки ја качулката од својата глава.
– Оди си подобро. Не сакам да види некој дека си тука.
– Не грижи се за мене. Во оваа доба никој не може ни да претпостави дека сум тука. Ти донесов нешто за јадење, – додаде тивко, пред да ја спушти крошната со јадење на масата. – Како ти е раката?, – го праша.
– Подобро…Не беше ништо сериозно.
Таа воздивна. Се плашеше дека ќе го најде во агонија и тешки болки.
– Енцо, не сакам да мислиш дека јас сум иста како Фаусто.
– Не…Ти не си иста како твојот сопруг. Ти си различна. Ти се грижиш за сиромавите како мене.
– Зошто си таков?, – го праша, насетувајки иронија во неговиот глас.
– Не го сакам твоето милосрдие, затоа земи си ги работите, – додаде тој, подавајки и ја назад крошната која таа ја донесе.
– Зошто ме презираш, Енцо?
– Те молам, Естер, оди си, не те сакам под мојот кров. Оди си.
Неговите зборови не можеа да бидат појасни. Нејзината гордост ја допре границата, па се заврте излезе низ вратата.

Се врати назад на фазендата исто онака како и кога замина, на прсти. Беше толку тивко што само се слушаше песната на штурците од дворот. Направи неколку чекори по крцкавиот под, кога слушна нечие присуство.
– Каде беше во оваа доба, Естер?, -ја потресе гласот на Фаусто како молња.
Се заврте. Фаусто чекаше одговор, додека зад него, Антониета држеше фенер во раката а очите и сјаеа од задоволство.
– Фаусто…ме исплаши.
– Те прашав нешто.
– Кажи ја вистината Естер, – низ цинична насмевка процеди Антониета.
– Бев да го видам Енцо, – одговори во еден здив.
– Кој ти дозволил да го посетуваш тој човек, Естер?, – избувна Фасуто како разгорен пламен, зграпчувајки ја силно за раката.
– Пушти ме и ќе ти кажам зошто бев таму.
– Добро знаеш дека не сакам никој да му приоѓа на тој бедник, најмалку ти! На каков начин треба да ти кажам за да ти влезе во главата, Естер?
– Бев само да му однесам храна…Кутриот е сам и прегладнет.
Шлаканица која се одби како ехо низ ѕидините на старата фазенда. Среќа и насмевка на лицето на Антониета. Страв во очите на Естер. Гнев во лицето на Фаусто.
– Сега ми е јасно зошто Елиса реагира така. Не би бе чудело ако дознам дека двете зад мој грб му помагате на тој бедник. Секако, девојчето само го следи твојот пример, твојот лош пример, Естер!
– Дали е потребно Антониета да биде дел од овој разговор?
– Сеедно ми е. Зошто, по ѓаволите беше кај тој човек?
– Само сакав да му помогнам, како што би помогнала на секој на кој му е потребно.
– Бидејки ми работеше зад грб, сега ќе платиш за тоа, – и се закани Фаусто, ја грабна за двете раце и ја понесе пред себе кон собите на катот. Антониете ликуваше.

Ја внесе во собата и ја турна на креветот, со сета сила.
– Не биди ваков, те молам.
– И каков сакаш да бидам? Ти си должна да ме почитуваш, Естер, јас сум ти сопруг! Кога ќе издадам наредба, ти си должна да ја почитуваш, без услови!
– Прости ми, – само така можеше да го смири неговиот бес. –Не ти кажав ништо бидејки бев свесна дека нема да ми дозволиш да го видам Енцо.
– Секако дека не би ти дозволил! Зарем не сфаќаш дека сакам да го видам како умира во таа колиба?
– Не разбирам зошто го мразиш толку? Само затоа што твојот татко оставил парче земја за неговата фамилија? Не го разбирам твојот презир.
– Нема потреба да разбереш, Естер!
– Фаусто…Би сакала да знам зошто толку го мразиш Енцо? Зошто не ми веруваш?
– Не ги мешај нештата. Ти си ми сопруга, не пријателка. Не сум должен да ти кажувам било што. За твое добро, ова да биде последен пат како ме лажеш.
Неговите зборови беа и повеќе од јасни. Ја напушти собата треснувајки ја вратата зад себе. Естер остана со мисла зошто нејиниот сопруг толку многу го презира тој човек.
– Што се случува овде? Зошто толкава врева?, – праша Анибал, влегувајки во собата на својата мајка.

Фаусто слезе во работната соба и посегна по шишето со најжесток пијалок кој го имаше во орманот. Ја наполни чашата скоро до врвот и ја испи во една голтка.
– Дали си добар, Фаусто?, – го праша Антониета која како сенка му пријде од зади.
– Сакам да внимаваш на Естер.
– Како ќе речеш. Кога сме кај неа, Естер е чудна веќе некое време.
– Како тоа чудна?
– Не е прв пат да излегува сама во ноќта.
– Што сакаш да кажеш со тоа, Антониета?
– Дали си помислил дека твојата сопруга ја поврзува нешто повеќе од милосредие со Енцо Анџели? Естер и Енцо се љубовници, – го извести полна со себе.
Фаусто и замавна неконтролирана шлаканица, толку силна што ја турна домарката на подот.

Естер седеше на креветот, со грб свртена кон својот син.
– Прости ми ако те разбудивме, синко.
– Не е тоа проблем, но што се случува помеѓу тебе и татко?
– Татко ти секој ден има се помалку трпение, тоа е се.
– Мајко…Смеам ли да те прашам нешто?
– Прашај ме што сакаш, – рече таа.
– Елиса ми кажа дека си вљубена во тој човек…Во Енцо.
– Елиса може да каже што сака, – нервозно рече Естер станувајки од креветот. – Твојата сестра ги меша нештата. Со Енцо ме поврзува само добро пријателство, ништо повеќе.
– Ти никогаш не си го изневерила татко?
Ваквото прашање ја полеа Естер како врела вода. Анибал ја виде реакцијата во очите на својата мајка, и сфати дека прашањето не му беше на место.
– Прости ми. Те молам, прости ми, не сакам да мислиш дека не те почитувам, мајко. Прости ми, – повтори неколку пати, бакнувајки ја во образ.

Антониета лежеше на дрвениот под, држејки ја левата страна на лицето која ја печеше од силната шлаканица. Фаусто ја грабна за јаката на кошулата, внесувајки и го сиот бес во нејзиното лице.
– Да не сум слушнал уште еднаш дека така ја клеветиш Естер! Естер е чиста жена не е оропсија како тебе.
– Јас не мислам така.
– Ти немаш право да мсилиш, бедна слугинко! Нека ти влезе тоа во таа твоја болна глава!
– Фаусто, зошто не сфатиш дека јас само се грижам за тебе? Најмалку што сакам е да те вознемирам. Јас само го сакам најдоброто за тебе. Знаеш што чуствувам…
– Што чуствуваш?
– Не ме терај да кажам на глас.
– Кажи ми.
– Јас те љубам, – во еден здив одговори со грутка во грлото. Колку неспани ноќи помина со желба да му го каже тоа. Колку дни помина размислувајки за него како маж. Сега, кога вистината беше пуштена, сметаше дека има право да го бакне. Но, кога ги спушти своите усни на неговите, само почуствува студ и одбивност.
– Јас не, – и врати дрско, турнувајки ја од себе.
Ја напушти просторијата, оставајки ја во очај и солзи. Болка и гнев ја населија нејзината очајна душа.

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!