Во денешното неделно интервју ќе прочитате за интригите и љубовната врска со Билјана, за неговиот успех во Србија и за најновата пародија. Ексклузивно за ТВ Пакет, првиот македонски идол Иван Раденов!
ТВ Пакет: Вашата љубов се роди во шоуто Македонски Идол, а медиумите шпекулираа брак, каде прекина љубовта со Билјана Ѓошева?
Иван: Се се случи спонтано, беше убаво додека траеше. А незнам од каде идеата дека сме биле блиску до брак… 🙂 смешно стварно…Тоа што не е. Тоа што не живеевме во ист град.
ТВ Пакет: Вашата врска наиде на големо разочарување кај женската публика на која и беше миленик, истата публика што ти ја донесе победата и титулата „Прв македонски идол“. Дали Иван е сега слободен?
Иван: Хахахах… Да Иван е слободен.
ТВ Пакет: Во Србија често настапувате со бендот, како ве прифати тамошната публика?
Иван: Со оглед на тоа дека дојов во Србија – Белград на своја режија и дека немам никој позади себе, јас сум презадоволен од тоа како се се одвива за сега. Имам неколку луге кој многу ми помагаат и сум им бескрајно благодарен. Полека стекнуваме своја публика во Белград и тоа многу ме радува.
ТВ Пакет: Неодамна на фејсбук се појавија фотографии од пародијата за Адам и Ева во која за прв пат се појавуваш во разголено издание, од каде идеата за истата?
Иван: Тоа се слики од снимањето на пародијата за Адам и Ева. Тоа ке биде краток скеч во кој јас ке се појавам како Адам. Снимам заедно со мојте најдобри другари Венци и Васко,кој веке имаа неколку слични пародии на Титаник и Ромео и Јулија кој беа одлично прифатени од македонската публика.Се зборува на чист гевгелиски дијалект. Не е ништо професионално, сепак ова го правиме од забава.
ТВ Пакет: Кога и каде ќе можеме да ја погледнеме пародијата?
Иван: Се надевам дека до 8 март ке го има на Youtube, а од таму слободно може да го преземе било кој македонски сајт, нормално на кого ке му се допадне.
ТВ Пакет: Дали наскоро можеме да очекуваме студиски разголени фотографии?
Иван: За срека не 🙂
ТВ Пакет: “Сам против времена“ е твојата прва српска песна, а многумина од критичарите веќе ја оценија како твое најдобро дело досега, дали ќе продолжиш со овој стил?
Иван: Тоа е мојата втора песна на српски јазик, Опет вјерујем е мојата прва песна на српски јазик, да те исправам 🙂 Следните мои песни нема да бидат слични на Сам против времена, напротив, малку ке го смириме темпото и ублажиме гитарите…
ТВ Пакет: За крај, кажи ни што прави Првиот Македонски Идол, што е следно од Иван?
Иван: Настапувам буквално низ цела Србија, најчесто во Белград. Наскоро ке снимам и македонска верзија на Сам против времена за која текстот го напиша Огнен Неделковски, потоа следува долго најавуваниот дует со Вукашин Брајич од Операција Триумф.Во преговори се уште многу работи но за тоа потоа.
| ТВ Пакет