Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (57. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (57. продолжение)

Естер чекореше низ собата како дива ѕверка затворена во кафез. Во позадина догоруваа неколку свеќи, правејки сенки на ѕидовите, а низ отворените прозорци допираше песната на утовите. Мислеше на Енцо и се прашуваше што ли прави во овој момент. Дали мисли на неа?! Седна на фотељата и зеде еден роман од полицата. Немаше концентрација да чита, ниту пак сонот и доаѓаше. За момент ги затвори очите. Кога ги отвори, тој беше тука. Стоеше пред неа, со завој околу рамото. Неговите сини очи гореа. Естер чуствуваше љубов, страст и страв истовремено.
– Како влезе?, – го праша треперејки.

 

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 57 – „Ноќ на страсти“

 

Естер чекореше низ собата како дива ѕверка затворена во кафез. Во позадина догоруваа неколку свеќи, правејки сенки на ѕидовите, а низ отворените прозорци допираше песната на утовите. Мислеше на Енцо и се прашуваше што ли прави во овој момент. Дали мисли на неа?! Седна на фотељата и зеде еден роман од полицата. Немаше концентрација да чита, ниту пак сонот и доаѓаше. За момент ги затвори очите. Кога ги отвори, тој беше тука. Стоеше пред неа, со завој околу рамото. Неговите сини очи гореа. Естер чуствуваше љубов, страст и страв истовремено.
– Како влезе?, – го праша треперејки.
– Прозорецот беше отворен. Се прекачив како крадец во ноќта.
Таа поцрвене. Го чуствуваше неговиот здив и гореше од возбуда.
– Мислев на тебе…
Тој ги допре нејзините студени дланки. Ги принесе до својата безбојна уста, па ги спушти на своите гради, близу до неговото срце.
– Енцо, – гласот и трепереше. – Може да дојде Фаусто…
Синилото во неговите очи сјаеше како необработен накит. Естер сонуваше за денот кога ќе може да го прегрне и бакне без страв.
– Не можам да престанам да мислам на тебе, Енцо…Те љубам.
Италијанецот се насмевна. Мало руменило го обои неговото бледо лице. Се заврте кон полиците, барајки нешто. Извлече една книга, отвори на една страна и со својот шепотлив глас почна да и чита. Естер уживаше во неговата прегратка додека слушаше како и чита тивко, со својот италијански акцент за едно ѕвездено небо. Воздивна длабоко, целосно препуштена на неговите прегратки.

Фаусто се качуваше по скалите кон спалните соби тетеравејки се. Имаше испиено и повеќе од обично. Се нишаше налево па надесно по ходниците. Пријде до собата на Естер и посегна по кваката…Беше заклучено. Посака да затропа, но помисли дека спие и остана со раката во воздух. Не беше ни свесен дека зад таа дрвена врата, неговата сопруга е во прегратки на друг маж.
Продолжи право по ходникот кон својата соба. Ја отвори вратата и под собната светлина на свеќата, ја забележа провокативната силуета на Марија Грација која лежеше на неговата постела во провокативна положба.
– Ти?, – ја праша изненадено. – Што бараш овде?
– Ве чекав, господару, – одговори таа, одвај чујно.
– Јас сум бил секогаш тој што те бара. Од кога одлучи самоиницијативно да ми се предаваш?
– Ова го правам за мојата ќерка, – одговори таа, додека горчливи солзи лиеа по нејзиното бело лице. – За да ја згаснам Вашата жед и да немате потреба да ја барате Моналиса.

Март беше убав месец на пампата, со своите килибарски светлини кои ги издолжуваа силуетите на животните на пасилиште. Есента со своите свежи ветрови и студени ноќи правеше луѓето да се собираат околу огништата. Есента на југот со себе носеше нешто магично, некаква меланхолија која и годеше на душата. Тоа утро, додека маглата се креваше над садниците, берачите веќе беа на нога со самата зора.
Кристина и Моналиса го сервираа појадокот во кујната, кога девојката по кратко двоумење се одлучи да ја праша својата тетка:
– Тетко…Дон Фаусто го сака својот појадок во постела утрово. Ќе можеш ли ти да го послужиш?
– Секако, малечка моја. Зарем толку многу те плаши Господарот, Моналиса?
– Во последно време се повеќе…
– Тоа се само твои умислици, мила. Ти си девојче кое треба да си најде момче на твоја возраст, момче кое ќе направи да ти трепери срцето.
– Мислам дека веќе го најдов, – низ насмевка и призна. – Но, тој не е сериозен.
– Тоа барем се решава лесно.
– Како?
– Магијата се користи за лоши работи, но и за добри исто така. Дали момчето е од тука?
Девојката срамежливо кимна со главата.
– Тетка ќе ти направи една смеса која ќе направи тоа момче да ти падне на колена, ќе видиш. Се што ми треба е прамен од неговата коса.

Фаусто се протегаше во својата постела кога на прагот од вратата се појави Кристина со неговиот појадок в раце.
– Што бараш ти тука? Каде е Моналиса која требаше да ми го донесе појадокот?
– Моналиса не е добро утрово, се разбуди со силна главоболка.
– Се надевам дека е така и дека не отишла да го види својот вујко, твојот брат, проклетиот италијанец?!
– Не, газда, ниту Моналиса ниту јас не сме се виделе со Енцо.
– Така нека остане. Бидејки ако дознам дека сте во контакт со него, сите како партали ќе летате од мојава фазенда.
– Не грижи се, не сум глупава, добро знам на која страна треба да бидам.
– Подобро за тебе.

Поминаа три ноќи откако го виде последен пат. Се прашуваше зошто не дојде пак како онаа вечер, да се искраде преку прозорецот за да ја види?! Мислите на Естер ги прекина кога некој затропа на вратата. Откако даде дозвола за влез, во собата се појави Антониета. Естер презирно ја погледна преку огледалото. Од онаа вечер практично немаа разменето ниту збор.
– Што ти треба?, – ја праша.
– Естер, знам дека си ми лута поради она од пред некоја вечер, но сакам да знаеш дека тоа го сторив за твое добро. Енцо не е човек од доверба, Естер, те молам верувај ми. Ист е како неговите сестри.
– Тоа е се што сакаше да ми кажеш?, – гласот на Естер не престануваше да биде фригиден.
– Естер, ти си дел од мојата фамилија, моја должност е да те чувам и штитам. Те молам, верувај ми.
– Ти си овде дел од послугата и наместо да внимаваш на мене, подобро да гледаш да си ја зачуваш својата работа, – безмилосно и дофрли Естер. – Ако тоа е се што сакаше да ми кажеш, те молам замини.
– Не биди таква со мене.
– Остави ме сама!
– Кога ме фати со Антенор, ме предупреди и јас те послушав…Не знам зошто и ти не ме послушаш мене, – додаде Антониета и ја напушти собата.

Откако Моналиса влезе во собата на Рикардо и му исече мал прамен од косата, заедно со прамен од својата коса и ги даде на Крситина, која ги стави во едно шамивче.
– Тетка, дали си сигурна дека ова ќе успее?
– Зарем се сомневаш во моите вештерски способности, мила? Можеби ќе ми поверуваш кога момчето ќе падне пред тебе на колена.
– Само ќе треба дон Фаусто да ме прифати како снаа…Тоа ќе биде тешко.
– Не грижи се, тетка има и за тоа решение. Сега за сега љубовта кон тоа момче ќе ти донесе само убавини.
– Не знаеш колку сум возбудена, – крикна девојката. – Не знаеш колку сакам Рикардо да ме гледа како нешто повеќе од авантура.
– Моналиса, за ова никому ни збор, – ја предупреди Крситина.

Естер ја отклучи бравата од вратата во собата на својата ќерка и влезе внатре. Елиса сеуште во ноќница лежеше на креветот.
– Веќе е доцна а ти сеуште си во ноќница.
– Зошто да станам и да се облекувам кога и онака ќе го поминам целиот ден помеѓу овие четири ѕида?!
– Ако бидеш добра можеби и ќе бидеш пуштена од оваа соба.
– Ако бидам добра?, – дрско праша девојката. – Што значи да бидам добра, мајко? Да ти се покорувам тебе? Да ти го препуштам човекот кој го љубам?
– Како се осмелуваш така да не ме почитуваш?!
– Зарем не е вистина, драга мајко?, – отров и горчина имаше во зборовите на девојката. – Не сум му кажала на татко сеуште бидејки не сакам да ја разделам оваа фамилија.
– Со твоето однесување веќе го правиш тоа, Елиса.
– Никој нема да ме спречи да бидам со Енцо. Никој и ништо!

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!