Почетна / Забава / Транс мајсторите ГМС сакаат да одат на Кокино

Транс мајсторите ГМС сакаат да одат на Кокино

 

Скопје е подготвен за вистинскиот транс-спектакл кој ќе се случи в сабота. ГМС ќе го вратат урбаниот пулс на Скопје. Според организаторот на настанот, на журката се најавени гости од Бугарија, Косово, Србија и од Грција. ГМС во Скопје, ќе пристигнат вo петок, а од „Sun production“ велат дека момците немаат посебни барања, освен желбата да го посетат Кокино. За нашата опсерваторија слушнале многу одамна и уште при првиот контакт со организаторите побарале таму да одат, утрото после журката во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“.

„ГМС ќе ни понудат да уживаме во вистинска музичка транс-сензација, а ние ним, можност да уживаат на Кокино. Договорени сме да одиме таму, веднаш по забавата, односно во недела утрото. Подготовките за настанот веќе се при крај. Можеме слободно да најавиме најдобар RCF Sound System, спектакуларно ласер-шоу, како и 3D визуелни анимации.“

Пионерите со срушени рекорди на слушаност и настапи во историјата на психоделичниот транс – ГМС во сабота на 16. март доаѓаат во Скопје, а стартот на урбаниот хепенинг е во 23:00 часот. Влезниците се веќе во претпродажба по супер промотивна цена од 300 денари во „Југотон“ и дистрибутивната мрежа на „мк тикетс“ ширум државата.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен нов датум за новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“

Поради огромниот интерес и целосно распродадениот прв датум на новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!