Возењето со ролсот низ селото беше вистинско блажество за Моналиса која уживаше во привилегијата да биде во друштво на младиот Кастењон. Кога завршија со возењето и Рикардо го врати автомобилот, Моналиса со воодушевување му призна.
– Не знаев дека толку умешно можеш да управуваш со возило, Рикардо. Каде научи?
– Во Рио. Градот е полн со вакви машини.
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна
Продолжение 59 – „Естер се соочува со Фаусто“
Возењето со ролсот низ селото беше вистинско блажество за Моналиса која уживаше во привилегијата да биде во друштво на младиот Кастењон. Кога завршија со возењето и Рикардо го врати автомобилот, Моналиса со воодушевување му призна.
– Не знаев дека толку умешно можеш да управуваш со возило, Рикардо. Каде научи?
– Во Рио. Градот е полн со вакви машини.
– Не ти верувам. Сигурно се шегуваш со мене.
– Сериозен сум. Еден ден ќе те одведам во Рио, да видиш колку различен живот се води таму.
– Ветуваш?
Тој ја стави својата рака на нејзиното бело лице и наместо одговор ги запечати нејзините црвени црешна усни со бакнеж. Таа ги спушти образите, а момчето забележа солзи на врвовите на нејзините долги трепки.
– Зошто плачеш?
– Бидејки не сакам ова никогаш да заврши.
– Моналиса, зошто не сфатиш дека сакам да бидам со тебе? Не сакам да бидам никаде на друго место ниту со друга девојка. Те сакам само тебе, Моналиса. И секогаш ќе те сакам.
Се топеше на неговите зборови и не сакаше магијата никогаш да престане. Тој повторно ја бакна, нежно, внимателно…
Потрагата по злато во реката не сопираше деноноќно. Под надзорство на Енцо, селаните и дел од вработените на Темпестад не се откажуваа од идејата да го најдат златото. Додека траеше потрагата, крај реката се појави Елиса. Воздивна длабоко кога го здогледа италијанецот, па го повика неговото име.
– Што барате овде, госпоѓице Елиса?
– Дојдов да видам како си.
– Добро, благодарам, – скептично одговори тој. Знаеше добро дека мотивот за таа неочекувана посета е подлабок од обичен поздрав. – Подобро е да си одите одовде, госпоѓице Елиса, не треба да сте тука.
– Што прават луѓето во реката?
– Ве замолив да си одите, госпоѓице…
– Сакам да бидам крај тебе, Енцо.
– Зарем сакате вашиот татко да ми го одземе животот?
– Те молам, како можеш да кажеш нешто такво? Добро знаеш дека никогаш не би дозволила. Освен тоа, мајка ми знае дека сум тука. Таа ми даде дозвола да те видам, – излажа девојката.
– Доња Естер Ви дала дозвола да ме посетите?, – зачудено повтори Енцо.
– Да. Енцо, сите дома знаат дека мајка била да ти донесе храна.
– Госпоѓице, Ве молам одете, имам работа…
– Енцо, зошто си таков со мене? Зарем не гледаш колку многу те љубам? Зарем не сфаќаш дека би сторила се за тебе?
– Не знаете што зборувате, Елиса.
– Тогаш овој бакнеж нека ти докаже…
Го опфати околу вратот и ги стави своите усни на неговите, во мигот кога Естер дојава на својот коњ близу реката. Беше сведок како нејзината ќерка се љуби со човекот кој таа го љубеше.
Естер потрча кон својата ќерка, ја повлече за рака, грубо одалечувајки ја од рецете на Енцо.
– Пушти ме, мајко, – крикна девојката.
– Како можеше да направиш нешто такво?, – Естер го праша италијанецот. – Елиса е девојче…
– Дали си љубоморна мајко?, – Елиса гореше од љубомора.
– Зарем си го загубила умот, Елиса?
– Госпоѓо Естер, Ве молам земете ја Вашата ќерка и не се враќајте повеќе на мојата земја…Ниту Вие ниту Вашата ќерка, – и појасни.
– Јас сум слободна жена, Енцо и можам да дојдам кога сакам, – се одбрани девојката.
– Не сакам повеќе да те видам близу мојата ќерка!, – повтори Естер, додека за рака ја одвлекуваше својата ќерка кон коњот.
– Дали ми се заканувате, Естер?
– Не се заканувам. Те замолувам да ја оставиш мојата ќерка на мир, – му појасни пред да му го заврти грбот и да замине.
Марија Грација го грабна Фаусто за меѓуножјето. Беше подготвена да замиже и да биде одново искористена, само за да ја ослободи својата ќерка од канџите на тој човек.
– Газда, Ве молам, – клекна на колена додека со рацете му го раскопчуваше шлицот на панталоните. – Не ја барајте мојата ќерка, ве проколнувам во најсаканото.
– Зарем толку сум лош во тоа што го правам, Марија Грација? Зарем не уживаше во мојата цврста машкост?
– Секако дека уживам, газда, – одговори против своја волја.
Тој ја подигна за подлактиците, го закопча својот шлиц и и ги внесе зборовите во очи;
– Тогаш остави ја твојата ќерка да ужива во животот. Кога ќе ја видиш, кажи и дека ја чекам и не сакам ни збор повеќе. Не би сакала да ме разбеснеш, нели?
Ја турна од себе и излезе од кујната. Марија Грација легна на дрвениот под, липајки на сиот глас. Но, ниту солзите не можеа да ја исцелат болката од нејзината душа.
Ја љубеше нејзината долна усна страсно доведувајки ја до лудило. Моналиса никогаш во животот немаше почуствувано толку страсен бакнеж, како овој што и го дари Рикардо.
– Преубава си, – и шепотеше на уво, додека ја љубеше по вратот, опиен од мирисот на нејзината коса.
– Навистина го мислиш тоа, Рикардо?, – го праша несигурно.
– Секако. Не сакам да мислиш дека само сакам да те искористам, Моналиса.
– Сигурно?
– Се колнам.
– Исусе и Маријо, ова ми е најубавиот ден во мојот живот. Сигурно не сакаш само да ме искористиш и да ме оставиш, Рикардо?
– Ти не си девојка која заслужува да биде оставена, Моналиса.
– Ми се чини дека сонувам, – капка солза се пролеа по нејзиното лице.
Тој ја избриша солзата од нејзиниот образ со својот бакнеж.
– Не, Моналиса. Ова е јаве, – додаде, љубејки ја страсно.Излезе од автомобилот, па пријде од спротивната страна и ја отвори вратата на девојката. За прв пат во својот живот се чуствуваше како дама и чуството беше неописливо, особено што истото тоа и го приуштува љубениот човек.
– Рикардо!, – до нив добре гласот на Фаусто како студен ветер. – Од каде доаѓаш со ќерката на готвачката?
– Ја најдов попат и ја доведов дома, татко, – излажа момчето. Не можеше ни да ја замисли реакцијат ана својот татко доколку му ја кажеше вистината.
– Лажеш! Од каде ти во автомобилот на Лукреција?
– Ја прашав да ми го позајми…
– Но од каде ти си ќерката на готвачката, прашав?!
– Извинете, газда, но се е моја вина, – прошепоте девојката, одвај чујно.
– Ти да молчиш, мала! Секако дека е твоја вина!
– Ти забранувам да и се обраќаш така!, – избувна Рикардо, спротиставувајки му се на својот татко.
Наместо одговор, Рикардо доби силна тупаница по своето лице. Се струполи на подот како вреќа брашно. Моналиса крикна гласно и клекна да му помогне на љубениот, но Фаусто грубо ја повлече за раката.
– Со мојот син сакаш, а со мене не проклета? Доаѓај со мене, – ја повлече против нејзина воља. Додека Рикардо успеа да застане на нозе, Фаусто веќе ка имаше одвлечено девојката кон амбарот.
Естер ја држеше пладневната молитва затворена во четири ѕида кога без никаква најава ниту навестување, во собата дотрча нејзиниот помлад син. Задишан, со растреперен глас пријде до својата мајка.
– Мамо, те молам…Мораш да ми помогнеш.
– Што се случило, Рикардо?
– Татко…Татко сака да ја повреди Моналиса…
Естер остана со зината уста. Ја извади марамата која и ја прекриваше косата, го спушти молитвеникот на масичката и истрча од собата колку што ја држеа нозете.
Влечејки ја за косата, Фаусто ја турна девојката на подот. Ниту нејзините солзи ниту плачот за помош не допреа до него. Го извади ременот од своите панталони и го подигна нејзиното здолниште кога во амбарот дотрчаа Естер, Рикардо и Марија Грација.
– Татко, те молам не прави го тоа…, – низ созли молече Рикардо.
– Ова го правам за тебе, синко. Да видиш со каква курва си имаш работа.
– Пушти ја девојката во името на Бога, – извика Естер со сила која ни самата не знаеше од каде ја беше собрала.
– Излегувај оттука Естер, ова не е твоја работа!
Плачот на очајната мајка, крикот на девојката која се чуствуваше како во орелски канџи, преплашеното момче и даваа сила на Естер да ја стегне вилицата и за прв пат во животот да му се спротистави на својот сопруг.
– Пушти ја реков!, – ја грабна лопатата која беше потпрена на ѕидот и со истата го замавна Фаусто по тилот. Тој ја загуби силата и падна на подот. Моналиса во солзи се најде за миг во прегратките на престрашената мајка.
– Како се осмелуваш?, – избувна Фаусто како вулкан кога застана на нозе. – Нема да толерирам…
– Јас сум таа која повеќе нема да те толерира, Фаусто! Смачено ми е од тебе!
– Како се осмелуваш така да ми се обраќаш, Естер?
Наместо да го удостои со одговор, му замавна шлаканица. Толку силна шлаканица, што Фаусто се затетераве. Како да имаше заборавено се, како да имаше заборавено кој носи здолниште а кој носи панталони. Го напушти амбарот заедно со готвачкат аи нејзината потресена ќерка.
– Естер!, – по неа довикуваше бесниот Фаусто, но залудно.
Сонцето веќе заоѓаше зад ридот кога Енцо се врати назад во колибата. Имаше гостин кој не го очекуваше.
– Што бараш ти овде, Антенор?
– Сега ми е јасно зошто толку многу луѓе заминаа од Темпестад и дојдоа да работат за тебе, – рече надзорникот, покажувајки го парчето злато кое го држеше во својата шака.
– Дон Фаусто ќе биде презадоволен кога ќе дознае дека на неговата земја има злато.
– Дон Фаусто нема потреба да знае за златото, – рече Енцо, одземајки го парчето злато од раката на својот зет.
– Јас не кријам ништо од мојот газда. Сега уште повеќе ќе има причина да си ја поврати оваа земја.
– И што ќе добиеш ти од тоа, Антенор? Дури и Фаусто да успее да ја земе оваа земја која легално ми припаѓа на мене, ти ништо нема да добиеш од ова злато и добро го знаеш тоа. Имам предлог за тебе.
– Што?, – Антенор беше подготвен да слушне.
– Ќе ти дадам пари во замена за твојот молк.
Алисиња имаше потреба да разговара со својата мајка за состојбата во која се наоѓаше. Веруваше дека и покрај се, Лукреција знае да биде разумна и дека ќе ја разбере.
– Мораш да ме разбереш, мајко. Како што одминува денот така станувам се поочајна. Кога паѓа ноќта, ме фаќа страв, паника…
– Алисиња, ќерко, не сакам да те гледам ваква.
– Анибал инсистира да имаме дете. Ме ужаснува самата помсила да ме допре.
– Тогаш мораме да сториме нешто.
– Да се вратиме во Париз?, – беше првата помисла која и падна на ум на девојката.
– Не. Најдобро е друга жена да му роди дете.
Ваквата конфузна идеја уште повеќе ја збуни младата Алис.
– Мајко, не разбирам што сакаш да ми кажеш.
– Алисиња, те молам, – драматично и во свој стил рече Лукреција. Стана од софата, пријде до прозорецот и ја запали цигарата. – Светот се менува преку ноќ. Ако Анибал сака дете за да му дари наследник на својот татко, тогаш ќе добие дете…од друга жена, кога ти веќе одбиваш.
– Која жена?, – беше следното прашање на девојката.
– Треба добро да размислиме…За добра сума пари секоја би прифатила.
– Јас не сум сигурна дека тоа е добра идеја, мајко.
– Ако не сакаш да биде туѓинка, шери…Би можела да бидам јас.
ЈАС МОЖАМ ДА МУ РОДАМ ДЕТЕ НА АНИБАЛ И ДА ГО УВЕРИМЕ ФАУСТО ДЕКА Е ТВОЕ!!!
***
Јовица Крстевски | ТВ Пакет