„АНГЕЛИ“
среда, 11 часот на Сител ТВ
Во новата епизода од „Ангели“ Тијаго се обидува да ги ослободи емоциите на Луз зборувајќи за нивното заедничко минато, за периодот кога таа имаше само 10 години и беше заклучена во подрумот под вилата. Рене му наредува на Сајмон да ја прогласи црвената зона во градот. Луз го спомнува Бруно Бедожа Агуеро, според неа тој е вистинскиот виновник за целата настаната ситуација. Џеј го напаѓа Кристобал. Тефи и Палома глумат дека им е испран мозокот, додека Џеј ја зема својата нова жртва.
Крис Манев | ТВ Пакет