Алисиња имаше потреба да разговара со својата мајка за состојбата во која се наоѓаше. Веруваше дека и покрај се, Лукреција знае да биде разумна и дека ќе ја разбере.
– Мораш да ме разбереш, мајко. Како што одминува денот така станувам се поочајна. Кога паѓа ноќта, ме фаќа страв, паника…
– Алисиња, ќерко, не сакам да те гледам ваква.
– Анибал инсистира да имаме дете. Ме ужаснува самата помсила да ме допре.
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна
Продолжение 60 – „Моналиса заминува од Темпестад“
Алисиња имаше потреба да разговара со својата мајка за состојбата во која се наоѓаше. Веруваше дека и покрај се, Лукреција знае да биде разумна и дека ќе ја разбере.
– Мораш да ме разбереш, мајко. Како што одминува денот така станувам се поочајна. Кога паѓа ноќта, ме фаќа страв, паника…
– Алисиња, ќерко, не сакам да те гледам ваква.
– Анибал инсистира да имаме дете. Ме ужаснува самата помсила да ме допре.
– Тогаш мораме да сториме нешто.
– Да се вратиме во Париз?, – беше првата помисла која и падна на ум на девојката.
– Не. Најдобро е друга жена да му роди дете.
Ваквата конфузна идеја уште повеќе ја збуни младата Алис.
– Мајко, не разбирам што сакаш да ми кажеш.
– Алисиња, те молам, – драматично и во свој стил рече Лукреција. Стана од софата, пријде до прозорецот и ја запали цигарата. – Светот се менува преку ноќ. Ако Анибал сака дете за да му дари наследник на својот татко, тогаш ќе добие дете…од друга жена, кога ти веќе одбиваш.
– Која жена?, – беше следното прашање на девојката.
– Треба добро да размислиме…За добра сума пари секоја би прифатила.
– Јас не сум сигурна дека тоа е добра идеја, мајко.
– Ако не сакаш да биде туѓинка, шери…Би можела да бидам јас.
Ваквиот предлог уште повеќе ја фрапираше Алис.
– Ти?
– Да, јас! Сеуште сум млада и можам да родам.
Фаусто чуствуваше морална обврска да му одржи лекција на својот помлад син. Се затворија во неговата работна соба, каде што со ременот во рака, Фаусто го камшикуваше својот син.
– Еден Катсењон да се шета со ќерката на готвачката низ цел град како да му е вереница?! Мора да си полудел, Рикардо.
– Прости, татко.
– Мораш да научиш да ги користиш тие луѓе. Еби ја, нека ти помине меракот, но не и да ја шеташ со тебе.
Уште еден удар со ременот. Младиот Рикардо ги притискаше забите за да не испушти крик од силната болка.
– Престани, Фаусто!, – извика Естер кога се појави во собата. Потрча кон својот син и застана помеѓу телото на малдото момче и ременот на својот сопруг. Му даде дозвола да ја напушти просторијата со изговор дека сака да рагзовара со Фаусто.
Момчето во грчевита болка ја напушти библиотеката. Естер ја затвори вратата и пријде до својот сопруг кој ја гледаше со пламен во зениците.
– Како се осмели да ме посрамиш пред готвачката и нејзината ќерка, Естер?
Замавна со ременот но не ја удри. Естер ги затвори капаците на очите. Беше подготвена да го прими ударот кој никогаш не дојде. Наместо тоа, ременот заврши на масата кршејки ги кристалните чаши.
– Жалам, но некои нешта не можам да ги прифатам.
– Ти немаш право да ми противречиш а уште помалку да ми кажуваш што треба да правам, Естер.
– Грешиш. Едно е кога премолчувам додека ебеш некоја курва од борделот, но никогаш не би ти дозволила да ја допреш Моналиса. До бога, ја знаеме од бебе, растеше заедно со нашите деца. Со кој валкани мсили би ја обесчестил, до Бога?
– Таа девојка нема ништо чесно во себе. Курва како нејзината тетка. Тоа е. Затоа му приоѓа на Рикардо.
– Не верувам дека има нешто помеѓу нив.
– Ти си наивна, Естер. Не знаеш како размислуваат тие луѓе. Јас добро ги познавам.
– Имам право да ги одбранам бидејки за мене се повеќе од вработени, за мене се дел од фамилијата.
– Секако дека не се!
– Тогаш немаме за што да зборуваме повеќе. Ако продолжиш да ги малтретираш тие луѓе, јас нема да бидам тука и да го гледам тоа.
Фаусто не можеше да поверува дека разговара со својата сопруга. Кротката и покорна Естер.
– Дали ми се закануваш?, – ја праша.
– Сфати го како сакаш. Но ако продолжиш да се однесуваш како диво животно, ќе си ги соберам работите и ќе заминам во Рио, во домот на мојата мајка.
Одлуката беше донесена. Марија Грација го спакува куферот на својата ќерка, која грчевиот плачеше замотана во јамболија. Требаше да замине од фазендата, далеку од злобата на Фаусто Кастењон пред да падне ноќта.
– Гулабице моја, престани да плачеш, те молам, ова е за твое добро.
– Кога ќе можам да се вратам?, – праша бришејки ги солзите.
– Не знам ќерко. Тоа сега е најмалку важно.
– И Рикардо?
– Што со него?
– Нема да го видам долго…Барем да се збогувам со него.
– Извади го од глава!, – и заповеда мајка и.
– Што се случува овде?, – праша Антенор кога се врати дома. Куферот кој беше полу спакуван, солзите на неговата ќерка, сето тоа му беше нејасно.
– Малата ќе оди да живее со Енцо, – одговори Марија Грација.
– Зошто? Што се случило?
– Бидејки твојот газда се обиде да ја силува!, – со зборови горчливи како пелин, го извести сопругата.
– Што?, – со стегната вилица праша Антенор. Пријде до креветот и клекна до Моналиса.
– Дали си добро, ќерка?, – ја праша.
– Да не беше госпоѓа Естер, ќе се случеше трагедија, – го извести Марија Грација.
– Да оди по ѓаволите!, – извика Антенор како животно пуштено од кафез, удирајки со тупаница во дрвената собна врата.
– Татичко, се плашам, – крикна младата девојка, барајки ја татковата прегратка, единственото место каде што се чуствуваше безбедна.
– Не плачи, ќерко моја. Тато нема да дозволи да ти фали ни влакно.
– Помогни ми да ја спакуваме, Антенор.
– Не мислам дека е добра идеја да ја пратиме кај твојот брат.
– Тогаш каде? Овде Моналиса не е безбедна. Твојот газда нема да се смири додека не ја добие.
Фенерот во мрачната просторија уште повеќе ги истакнуваше убавите очи на Лукреција, која го побара Анибал во дневната просторија за да го извести за новата идеја. Анибал ја гледаше зачудено. Не можеше да поверува дека неговата теста дошла до таква идеја, да остане бремена од него.
– Претпоставувам дека се шегуваш со мене.
– Не, – одговори мирно. – Не би можела да те лажам за нешто толку деликатно, Анибал.
– Како можело да ти падне таква идеја на памет? Ти да останеш бремена наместо Алисиња? Те молам…
– Ако не сакате да бидам јас, може да биде некоја друга жена. За тоа ќе треба Вие да одлучите.
– Не се согласувам, – решително рече тој, правејки чекор кон вратата, давајки и до знаење дека тоа е крај на апсурдниот разговор. Но, Лукреција не се откажуваше така лесно. Стана од фотељата и појде по него.
– Анибал, сфати дека Алис не сака да има ништо со тебе.
– Ќе видиме за тоа, Лукреција. Ако едно нешто е јасно тоа е дека јас не сакам никогаш да имам дете со тебе!
Ваквите зборови ја погодија. Гледаше во зенците на својот зет и наместо страст и копнеж какви што некогаш гледаше во истите, овој пат имаше само презир и омраза.
Со факел во едната рака и куфер во другата, Марија Грација ја доведе својата ќерка на другата страна на фазендата, во колибата на својот брат, единственото засолниште на кое можеше да се сети. Откако му ја раскажа потресната случка на својот брат, Енцо регаираше бурно како и што беше очекувано.
– Но, како можете да го трпите тој човек?
– Што да правиме тогаш, фратело?
– Заминете од таму, оставете ја Темпестад!
– Не, Антенор никогаш не би заминал од таму, знаеш дека му е верен пес на газдата.
– Тогаш нека остане тој.
– Јас нема да го оставам сам, – решителна беше италијанката. – Антенор е мој сопруг. Тука сум бидејки барам помош за мојата ќерка.
– Секако дека ќе ја чувам,- со меко срце и покорен глас рече Енцо земајки ја во прегратка својата внука.
– Вети ми дека нема да го тргнеш погледот од неа.
Братот нејзин само потврдно кимна со главата. Немаше потреба да и вети, знаеше дека ќе го стори тоа, дек аќе ја чува како зеницата во своите очи.
– Оди во мир, сорела.
Цврсто ги прегрна двајцата и ја напушти колибата во солзи.
Сув и топол воздух лебдеше насекаде околу пампата. Од недалеку се слушаше жуборот на реката. Работниците не престануваа да го бараат златото. И фазендата беше мирна тоа утро. Естер го работеше новиот гоблен, кога со послужавник и чај во дневната соба влезе Антониета. Естер не го ни подигна погледот а знаеше дека е таа, по клучевите кои тропаа закачени на нејзиното здолниште.
– Ти донесов чај.
– Благодарам, – љубезно рече Естер. Кратките размени на зборови беа единствениот контакт помеѓу нив двете од онаа ноќ.
– Ти донесов подарок, – додаде домарката посегнувајки по една збирка поезија која лежеше на дното од послужавникот.
– “Крикот на канаринецот“?- изненадено праша Естер. – Од каде знаеше дека сакам да ја читам?
– Неодамна слушнав дека ја бараш. Естер, сакам да знаеш дека никогаш нема да заборавам дека ме зеде под своја закрила кога останав без ништо. Можеби сме далечни роднини но ти ме прими во твојот дом како сестра. Ми даде храна, работа и покрив над главата. Затоа не сакам да останеме лути.
– Ти благодарам, Антониета, многу благодарно од тебе.
Рикардо не престана да прашува за Моналиса тоа утро. Откако не доби одговор од готвачката се обрати кај Кристина која го упати кон колибата на својот брат. Девојката ги переше кошулите на својот вујко под студената вода на пумпата кога пред себе го здогледа љубениот и на нејзиното лице се развлече широка насмевка. Ја тргна влажната коса од преку лицето и потрча кон неговата широка прегратка.
– Моналиса….
– Рикардо!
– Како ме најде?
– Твојата тетка Кристина ми кажа каде си. Не можев да спијам цела вечер. Чуствував обврска да ти кажам колку жалам за се што се случи.
– Што бараш ти овде?, – одеднаш како стрела до нив допре гласот на Енцо. – Оди си одовде, младичу!
***
Јовица Крстевски | ТВ Пакет