Популарната турска актерка Берѓузар Корел, позната како Шехерезад од „1001 ноќ“, благодарение на своите убави и долги нозе, минатата година, оствари пристојна заработка рекламирајќи женски чорапи на една турска компанија. Меѓутоа, витките нозе не се единствениот адут на Берѓузар. Актерката потпиша уште еден договор за реклама и тоа за цифра од милион долари годишно. Берѓузар Корел стана заштитно лице на шампонот „Пантен“ кој претходно го рекламираше Туба Бујукуштун (Аси).
Сопругата на Халит Ергенч, која ја глуми Фериде во успешната серија „Karadayi“, пред неколку денови освои награда за Најдобра актерка 2012. според изборот на радио и телевизиските новинари.
Ивана Таневска | ТВ Пакет