На барање на фановите на хит серијата „Ангели“, екипата на ТВ Пакет направи мало истражување околу студијата каде што се снимаше серијата.
Генерално, серијата е снимена во „Студијата Пампа“ кои што се наоѓаат во Буенос Аирес, Аргентина, но некои сцени се снимени и на улиците низ градот. Кон крајот на 2008. година, продукцијата и актерската екипа патуваат во повеќе провинции низ Мендоза и Сан Хуан за да ги снимат првите 5 епизоди од третата сезона на серијата. Исто така, последните епизоди од третата сезона на серијата се снимени надвор од студијата и тоа во Сан Педро и Буенос Аирес.
„Студијата Пампа“ е приватна фирма во Аргентина која на тој пазар е активна повеќе од 15 години. Студијата што ги нуди истата се наменети за снимање на филмови, телевизиски серии и други проекти што ги опфаќа телевизиската индустрија. Поради бесконечните можности што овие студија им ги нудат на своите клиенти, „Пампа“ веќе со години го држат лидерството во својата бранша. Една од причините што „Пампа“ е особено баран простор за работа од продукциите е неговата близина до главниот град. Само 20 километри треба да патуваат актерите дневно за да стигнат до своето работно место, што е голем плус во однос на оддалеченоста на останатите студија кои најчесто се далеку од населените места. Студијата нудат големи простори и паркови за реализирање на различни проекти, магацини за сценографија од 1200 m², канцеларии за продукцијата, соблекувални, приватни тоалети, салони за шминка и фризура и се што може да побара една сериозна телевизиска продукција. Во истите студија е снимена и популарната „Rebelde Way“.
Во 2007. година телевизиската продукција ТЕЛЕФЕ за потребите на новиот проект на Крис Морена до „Пампа“ доставува скица за изградба на вилата на Бедожа Агуеро, нејзиниот двор и околните објекти како што се училиштето, барот, фонтаната и други градби. Модерната технологија на „Пампа“ ги исполнува сите барања на продукцијата, па сите сезони на серијата се снимени токму на истото место. Онаму каде што започна приказната, по четири години таму и завршува. „Casi Angeles“ е долгогодишен проект, па во текот на сите тие години студијата за снимање претрпуваат големи промени.
Во првата сезона ликовите ги гледате во старата и мистериозна вила која наликува на музеј и е во сопственост на Бартоломе Бедожа Агуеро. Во втората сезона главните ликови Сиело и Нико одлучуваат истата вила да ја претворат во „Магичен дом“, место каде што живеат сите деца без родители, модерен и шарен дом исполнет со многу музика и среќни моменти.
Во третата сезона дејствието на серијата се префрла во иднината, но, повторно се се случува на истото место. Главните ликови патуваат во иднината, а таму се сретнуваат со Пас, ќерката на Нико и Сиело која заедно со својата сестра Хоуп го формираат „Мандалај“, односно интернат за тинејџери.
Четврата сезона се случува исто така во иднината, но местото повторно претрпува големи промени. Сестрата на Сиело од иднината, Лус, „Мандалај“ го претвора во „НЕ“ – место кое што наликува на пластична долина каде што сите живеат во „розов“ свет. Нивните мозоци се испрани на буквален начин и живеат под диктатурата на Лус без да знаат дека таа ги контролира нивните животи на бизарен начин. Поткровјето на вилата каде што се наоѓа стариот часовник останува непроменето во сите четири сезони.
Во 2010. година се случи она кое што предизвика солзи кај страсните фанови на „Casi Angeles“. По четири години се донесе одлука серијата да го доживее конечниот крај. Фирмата беше ангажирана на други проекти, па секако, одлучи да ја урне вилата каде што се снимаше серијата. „El Hogar Magico“, „Mandalay“ и „NE“ заминаа во историјата.
Но, фановите во Македонија нема потреба да тагуваат, бидејќи постојат уште многу епизоди што премиерно ќе ги погледнат на Сител телевизија.
ПОНЕДЕЛНИК
11 часот, Сител
{gallery}032013/casi-angeles-estudios{/gallery}
Крис Манев | ТВ Пакет