Почетна / Сапуници / Турскиот Бред Пит ќе игра во „Величествениот“

Турскиот Бред Пит ќе игра во „Величествениот“

 

Хит серијата „Величествениот“ добива зајакнување. Киванч Татлитуг станува дел од историскиот спектакл и ќе ја игра улогата на синот на Сулејман, јавуваат турските медиуми.

 

 

Откако продуцентите во третата сезона ја ангажираа актерката Џансу Дере (Ејшан), за ликот на новата миленичка на султанот, па потоа се одлучија и за Дениз Чакир (Ифет), која ја игра сестрата на султанот, сега е време уште еден популарен турски актер да застане на сетот на „Величествениот“.

Киванч Татлитуг е особено познат актер во Македонија по своите улоги во сериите „Ѓумуш“, „Езел“ и „Љубов и одмазда“. На публиката на „Величествениот“ и беше ветен оригиналниот Бред Пит, но наместо тоа го добија турскиот Бред Пит кој што ќе ја толкува улогата на синот на Сулејман.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!