Со бразилското и македонското знаме покрај себе, Бразилецот Силва ја препеа годинешната евровизиска песна на нашата земја – Пред да се раздени. На својот Јутјуб канал тој на Македонците им посака многу среќа на престојното издание од фестивалот „Евровизија“. Харизматичниот дечко дури се извинува што повеќе пати гледал во текстот на песната додека го снимал видеото, како и за грешките.
Потсетуваме дека минатата година девојката Тара од Панама ја пееше песната на Калиопи. Овие евровизиски фанови се уште еден доказ дека фестивалот не се следи само на овој континент. Во прилог е препевот на Силва на Пред да се раздени, а потоа потсетете се на Панамката што ја отпеа Црно и бело и ја поздрави екипата на ТВ Пакет.
Крис Манев | ТВ Пакет