Почетна / Телевизија / Големиот брат / Лудилото започна, Ава со спектакуларен влез!

Лудилото започна, Ава со спектакуларен влез!

 

Лудилото започна. Куќата на Големиот брат е отворена за ВИП учесниците кои ќе сторат се што можете и не можете да замислите со цел да останат до крајот во куќата и да привлечат што поголемо медиумско внимание на Балканот. Наградата оваа сезона изнесува 50.000 евра, секој нивен чекор ќе го следат 40-те камери, 24 часа дневно во наредните шест недели.

 

 

Во куќата влегоа:

Маја Волк, сестран уметник
Драгутин Топиќ, атлетичар
Ивана Стаменковиќ Синди, поранешен модел
Невена Миличевиќ, модел
Сораја Вучелиќ, модел
Бобан Стојановиќ, активист на геј заедницата
Милиќ Вукашиновиќ, музичар и текстописец
Маја Николиќ, пејачка
Урош Четриќ, каскадер
Весна да Винча, урбана „чесна сестра“
Жељко Стојановиќ, организатор на журки
Жарко Стојановиќ, биолог
Анета Наковска, фолк пејачка
Славко Лабовиќ, актер
Ава Карабатиќ, старлета

 

Маја Николиќ, Милиќ и Сораја се наоѓаат во Тајната соба, на тајната задача, а кога станарите ќе дознаат дека во куќата има и други луѓе дознаваме наредните денови. Првата задача на станарите е да се поделат во две групи – влада и опозиција. Според коментарите на социјалните мрежи најспектакуларно влегување имаше Ава Карабатиќ. Ново е тоа што оваа година ниту една хрватска телевизија не го пренесува шоуто иако имаат свој претставник, но затоа се вклучија Црна Гора и Босна и Херцеговина. Наместо Лила Филиповска, како известувач на Сител за Македонија директно од куќата ја видовме Снеже Велков. Не заборавајте да не следите на македонската Фејсбук страница Големиот Брат ВИП.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какви навреди упати Стефани до гласачите од Македонија?

  Стефани : Тие деца што ги тренираш, тие дебили кои гласаат за тебе   …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!