Почетна / Забава / Евровизија / Евровизија | Швеѓаните ги бојкотираат лед екраните

Евровизија | Швеѓаните ги бојкотираат лед екраните

 

Швеѓаните повторно со иновации – видео проектори и холограми на „Евровизија 2013“

Швеѓаните во 2000. година организираа „Евровизија“ и тогаш на Европа им ја претставија новата техника – за прв пат воведоа ЛЕД екрани на сцената на која претставниците од сите земји ги изведуваа своите песни. Сега, после 13 години, истиот домаќин одлучува да ги бојкотира ЛЕД екраните, а на гледачите да им понуди ново искуство. За што станува збор?

„Уште од самиот почеток на подготовките за „Евровизија 2013“ одлучивме да забраниме ЛЕД екрани во продукцијата на шоуто. Уморни сме од гледањето на пиксели позади пејачите и сакавме да одиме кон нов правец. Тој нов правец вклучува огромни проектори, кои би можеле да се борат со својот расвет во склопот на сцената. Проекторите ќе бидат големи колку автобус, тешки колку тенк, а цената како едно Ферари. За време на продукцијата на „Евровизија 2013“ ќе користиме 28 такви проектори“, известува Ола Мелзиг за ESCDiary.

На сликата е прикажано „делувањето“ на ЛЕД екраните (лево) и проекторите (десно). Разликата е мала во квалитетот на сликата. Но, како што велат продуцентите квалитетот на проекторите е и повеќе од доволна за нивните планови во продукцијата на шоуто.

 

 

 

 

Б. К. | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Копров: Апел до Министерство за култура да одвои пари за Евровизија

Григор Копров, еден од најпознатите македонски поп композитори и хитмејкер, кој работел со многу ѕвезди …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!