Турнејата насловена „Добредојде во клубот“ од Ријека, започна енергично и со сценски настап каков им доликува на светските ѕвезди.
Истото тимот на Северина го најавува и за концертот во Скопје, каде доаѓа со тим од 60 луѓе, а сцената ќе се подготвува три дена. По Ријека, следен е концертот во Белград, а потоа на ред е Скопје. Од самите фотографии заклучете каков спектакл најавуваат Севе и нејзиниот тим составен кој го предводат Анже Шкрубе, кореограф на „Американскиот Идол“ и Томаж Пандур, познатиот европски режисер.
Запомнете на 13-ти април сите патишта водат во арената „Борис Трајковски“. Бидете дел од шоуто за кое ќе се зборува. Билетите се веќе пуштени во продажба во продажните места: Т.А. „Гуливер“, „Југотон“-ГТЦ, „Камарад“-Рамстор, Цвеќара „Розе“ – Веро2, Куглана – С.Ц. „Борис Трајковски“ и „Тобако шоп“ – Сити Мол.
{gallery}032013/severina{/gallery}
Крис Манев | ТВ Пакет