Автомобилот на Никола Младенов утрово бил излетан од патот во близина на Хиподром. Како настанала сообраќајната несреќа, одговор треба да даде увидот кој туку што започна, јавува Прес24.
Во сообраќајна несреќа, вчера доцна вечерта загинал сопственикот на весникот „Фокус“, Никола Младенов. Сообраќајката се случила на клучката на излезот од Скопје кај Хиподром. Според неофицијалните информации, вчера вечерта сопругата на Младенов пријавила дека не се вратил дома. Утрово неговиот автомобил бил излетан од патот во близина на Хиподром.
Автор | ТВ Пакет