Хрватската старлета има хемороиди, вклучена е во мобинг, сака да има повеќе самодоверба во другите луѓе, а би ја срушила црквата во Задар за да изгради уште постара. „Беше премногу тврд за мојот вкус“, рече некрунисаната кралица од „Survivor“, на кoja веднаш по шоуто во прв план испливаа нејзините бисери. Инаку старлетата е позната по своите изјави кои немаат многу смисла. Ова се само некои од нив, пишува Пулс24.
- Многу ги поздравувам моите родители, посебно мама и тато.
- Иако престојот на Костарика ми беше мед и млеко поради спиење на бамбус, добив страшни хемороиди.
- Така е тоа. Некој го боли главата, а некој има гингивитис.
- Да имам прилика да сум нешто друго во животот ќе бидам, коњ или делфин поради нивната грациозност. Всушност, по што се нарекува стилот во пливањето делфин, ако не по делфинот?!
- Па што ако мајмунот ми ја украл маицата? Ќе одам гола. Веќе се капам во топлес. Сите сме се родиле голи и убави, немаме од што да се срамиме.
- Живееме здраво. Шпиро секој ден медитира пола саат, а јас 30 минути.
- Ако сум пилот, дефинитивно ќе управував со воз.
- Секогаш сум уклучена во мобинг. Имам пет мобилни телефони.
- Кога ќе ме видиш не да сум оган, туку ни два адреналина не можат да ме спојат.
- Ќе ја срушам црквата во Задар и ќе изградам постара.
Крис Манев | ТВ Пакет