Во чест и сеќавање Илија Ќосевски ја промовира својата најнова песна посветена на неговиот татко. Песната е стара 5 години, а тогаш биле и почетоците на компонирање на Илија, но кога ја слушнал демо снимката неговиот татко му кажал: „Браво Иле, си се надминал себеси“, му рекол тој, па затоа немал храброст да ја издаде сиве овие години. Но, еве дојде и тој ден.
Музиката и аранжманот ги изработил сам, а текстот заедно со Трајче Здравков. Снимена е во студиото „Magnus Production“, а продуцирана од Митко Јовановски – Magnus. Песната е снимена со врвни професионалци кои сите се воедно и професори во Музичкото училиште во Штип. Соло деловите во песната ги отсвиреа неговата сестра Марија Илиева – виолина и Горан Кавраков член во познатата музичка група НОКАУТ – саксофон.
Илија Ќосевски моментално е професор по Народни инструменти во Средното музичко училиште во Штип. Тој има настапувано 3 години на Макфест и е Аранжер на победничката песна 2011. на Макфест – Ангели и демони. Има компонирано и соработувано со Сања Лефкова, Били Звер и други. Има издадено повеќе песни кој можете да ги преслушате на неговиот Јутјуб канал.
Ивана Таневска | ТВ Пакет