Почетна / Телевизија / Големиот брат / Бобан: „Мајка ми не сум ја видел 8 години“

Бобан: „Мајка ми не сум ја видел 8 години“

 

Бобан Стојановиќ учесникот во реалното шоу „Големиот Брат“, ја отвори душата и ја раскажа својата приказна. Имено, после признанието дека е геј неговата мајка се откажала од него и веќе 8 години не се видел со неа. Бобан им раскажа на станарите дека влегол во шоуто за да сфатат луѓето дека тој е сосема нормален и оти веќе нема да биде предмет на исмевање и отфрлање.

Им раскажа и за односот на луѓето кога ке им каже дека е геј:

„Па обично ме прашуваат дали имам брат или сестра, па кога ќе им кажам дека сум единец ми велат кој знае колку им било тешко на моите родители“.

Бобан во шоуто е одлично прифатен од сите станари. Особено добро се дружи со Анета, а сега од скоро и Венди му е добра другарка.

 

 

 

 

Автор | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какви навреди упати Стефани до гласачите од Македонија?

  Стефани : Тие деца што ги тренираш, тие дебили кои гласаат за тебе   …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!