Почетна / Телевизија / Големиот брат / Братот и пријателите на Маја Николиќ се откажаа од неа

Братот и пријателите на Маја Николиќ се откажаа од неа

 

Братот Марко Николиќ, Маја Оџаклиевска и пријателките на Маја тврдат дека не можат да ја препознаат во реалното шоу. Вчерашни гости на шоуто „Големиот брат“ требаше да бидат Марко, братот на Маја Николиќ и нејзините три блиски пријателки. Сепак, тие го откажаа гостувањето неколку минути пред шоуто.

„Имавме закажано гостување на Марко Николиќ, Маја и нејзините пријателки, но сите ни откажаа. Нивното отсуство се обидоа да се оправдаат со зборовите дека не можат да ја препознаат и оти таа е сосема поинаква во приватниот живот, а дека на ТВ екраните не личи на себе“, рече водителката Маријана Мичиќ.

 

 

Организаторите на емисијата како итна замена за гостите ги донесоа водителите Дарко и Марко од радио Б92, а подоцна во студиото се приклучи и другар на близнаците Жарко и Жељко. Сите во студиото се согласија дека публиката треба да ја исфрли Маја.

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какви навреди упати Стефани до гласачите од Македонија?

  Стефани : Тие деца што ги тренираш, тие дебили кои гласаат за тебе   …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!