На изненадување на гледачите на најпопуларното реално шоу на Балканот, „Големиот брат“, вечерва куќата ја напушти Урош Чертиќ. Видно разочаран, атрактивниот каскадер ја загуби борбата со останатите номинирани Славко, Жељко, Жарко и Маја Николиќ, си го подвитка опашот и си замина дома после две недели. Во текот на шоуто водителката Маријана Мичиќ постојано ги задеваше најомразените станари Маја Николиќ и Урош Чертиќ, а им се пушти и Венди која буквално ги докрајчи. Иако беше најавено дека вечерва ќе влезе нов станар којшто ќе ги размрда останатите во куќата, сепак останавме без него. Новата задача на станарите е одржувањето на традиционалниот „Балкан фест“.
Крис Манев | ТВ Пакет