Во куќата на „Големиот брат“ дојде до полемика меѓу Маја Николиќ и Сораја Вучелиќ околу тоа како жените изгледаат на телевизија. Пејачката смета дека дамите изгледаат потполно различно на малите екрани во одност на реалноста.
„Сите жени се груби и одвратни на телевизија. На екранот не изгледа како да имаш големи гради, а во живо ги имаш“, рече Маја Николиќ. На ова тврдење се спротистави Сораја, која смета дека оваа констатација е чиста глупост. „Како тоа твоите гради или оние на Анета да се помали од моите“, рече Вучелиќ и веднаш седна до Николиќ барајќи да си ги измерат градите.
„Кој број на градник носиш?“, праша Маја, а Сораја одговори „4,5“. Маја откри дека бројот на нејзиниот градник е 4, додека старлетата констатираше оти тоа е само половина број разлика. Погледнете ја видео-снимката.
Крис Манев | ТВ Пакет