Почетна / Живот / Ликот на Александар на стара куќа во Кичевско

Ликот на Александар на стара куќа во Кичевско

 

Она што на многумина кои не се оттука им е во најмала рака „сензационално“, за овдешниот народ е секојдневие, традиција. Низ кичевско од генерација на генерација се пренесувани најразлични легенди кои го споменуваат Александар Македонски, па така децата од мали знаат кој е, кај поминал, што рекол, кај се напил вода, кого сретнал, што зборувале… легенди. Каде има чад, има и оган вели народната.

 

 

Ова е куќата на Вишовци во село Велмевци на патот од Кичево кон Демир Хисар. Се наоѓа на средсело. Убава, лична,  забележлива. Завршена е на 13. јуни 1911. откога датира и фасадата. На еден дел, била нацртана и оваа апликација со приказ на владетел. На Александар Македонски. Освен што е опеан во песните, раскажуван во легендите, нашите предци во тие тешки времиња го сликале на репрезентативни места. До куќата е и селската црква, па овој приказ може да го видат многу луѓе.

 

И во тие матни времиња кога народот се нашол на удар на пропагандите, во себе си го носел своето и јавно го искажувал. Минале секакви времиња, турско, српско, бугарско, комунизам, народот преживеал се и еве, оваа слика останала до денес. Со која идеја се носеле предците? Можеби: „да не заборават внуците кои сме и што сме, оти сме Македонци“.

 

Веднаш до оваа куќа се наоѓала и постарата семејна куќа која тогаш била постара од 100 години. Дали истиот лик ја красел и нејзината фасада, останува само да погодуваме. Се надеваме дека државата ќе одвои средства за да се заштити оваа стара куќа и да сочуваме уште една изворна порака од прадедовците.

 

Текстот е целосно преземен од: Кичево.мк

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!