На плоштадот „Македонија“ во Скопје вчера пристигна и долго најавуваната вртелешка. Рингишпилот беше донесен синоќа, а денеска сеуште е во фаза на монтирање. Според претходните најави, треба да има декоративен венец, дрвена ротирачка платформа и најмалку 32 седишта.
Фигурите ќе бидат пони, кочии и ротирачки шолји. Рингишпилот е изработен во Италија, проектот вреден 160.000 евра е финансиран од Град Скопје.
| ТВ Пакет