Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (70. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (70. продолжение)

Анибал ја посети Лукреција во нејзината соба. Иако самата помисли да биде насамо со неа предизвикуваше искушение, сепак мораше итно да рагзовара со неа за Алис.
– Лукреција, ти си единствената која може да ми помогне. Татко е способен да ме убие ако не му дадам наследник. Алис постојано ме избегнува. Зборувај со неа.
– Ти ветувам, – рече таа гледајки ги неговите полни и сензуални усни. Не можеше да му одолее, па ги стави рацете околу неговиот врат и го бакна страсно, во истиот момент кога во собата без најава влезе Естер.
– Анибал! Лукреција!, – крикна запрепастено гледајки го својот син како дели страсен бакнеж со нејзината роднина.

 

 

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 70 – „Vingança“

 

Анибал ја посети Лукреција во нејзината соба. Иако самата помисли да биде насамо со неа предизвикуваше искушение, сепак мораше итно да рагзовара со неа за Алис.
– Лукреција, ти си единствената која може да ми помогне. Татко е способен да ме убие ако не му дадам наследник. Алис постојано ме избегнува. Зборувај со неа.
– Ти ветувам, – рече таа гледајки ги неговите полни и сензуални усни. Не можеше да му одолее, па ги стави рацете околу неговиот врат и го бакна страсно, во истиот момент кога во собата без најава влезе Естер.
– Анибал! Лукреција!, – крикна запрепастено гледајки го својот син како дели страсен бакнеж со нејзината роднина.
Лукреција како попарена со врела вода ги одвои своите усни од помладиот љубовник.
– Што правите?, – Естер беше како потурена со студена вода.
– Извини, мајко…- пелтачеше момчето. Беше во најнепријатната ситуација која некогаш го довела животот.
– Естер, биди мирна, – Лукреција се обидуваше да ја омекне ситуацијата.
– Сакам објаснување! Одговори ми, Анибал! Дали си свесен дека си женет за ќерката на оваа жена?
– Естер, – крикна Лукреција.
– Не ми се обраќај! Дали си свесна дека јас бев таа која ти ги отвори портите од оваа куќа? И ти како ми враќаш? Заведувајки го мојот син?
– Јас ја љубам Лукреција, мајко, -искрено и се исповеда Анибал.
– Не можам да поверувам што слушам. Од кога се случува ова?, – Естер беше полна прашања.
– Од кога Лукреција дојде на Темпестад, – продолжи Анибал со низата искрени одговори.
– Лукреција, сакам да си ги спакуваш работите и да заминиеш засекогаш одовде!
Естер беше јасна. Ни мртва немаше да дозволи да продолжи тој циркус.
– Естер, те молам…
– Како можеш да ме гледаш во очи, бесрамничке? Кутрата Алисиња, можеш ли да замислиш како ќе се чуствува кога ќе дознае?
– Алис веќе знае, – рече Лукреција.
– Молам?
– Бракот помеѓу мојата ќерка и твојот син е договорен.
– Не можам да поверувам, – крикна Естер, барајки столче да седне.
– Помеѓу Алис и Анибал нема ништо. Всушност го немаат ни конзумирано бракот.
– Зошто?
Анибал сакаше да и ја каже вистината, дека Алис ја привлекуваат само жени, но Лукреција не му дозволи да проговори.
– Бидејки мојата ќерка е помалку ексцентрична…
– Не разбирам.
– Лукреција, нема смисла да продолжиме да ја лажеме, – се побудни Анибал.
Лукреција сфати дека Анибал е во право. Седна на креветот до својата братучетка и одлучи да и ја каже вистината за својата ќерка.
– Алис е…посебна. Минува низ една чудна етапа и вели дека не ја привлекуваат мажи.
– Лукреција сака да каже дека Алис е лезбејка.
Ваквите зборови слушнати од устата на својот син ја парализираа Естер. Што ли се счучува во оваа куќа, се запраша во себе.
– Сакаш да ми кажеш дека Алис сака жени? Не, не можам да верувам.
– Се надевам дека науката ќе може да и помогне еден ден мајко, но реалноста е таа. Мојата сопруга не сака мажи.
– Сторив се што можев, но не успеав во ништо, – додаде Лукреција.
– Анибал излези, сакам да разговарам со Лукреција, – му нареди неговата мајка.
– Би сакал да останам, мајко.
– Анибал, излези!, – решителна беше Естер.
Момчето ја спушти главата и ја напушти собата. Естер се погрижи да ја затвори врата бидејки она што сакаше да го расчисти со својата роднина, беше нешто што не сакаше да излезе вон тие четири ѕида.
– Можеш ли да ми објасниш зошто ја омажи твојата ќерка за мојот син кога веќе си знаела дека не ја привлекуваат мажи?
– Од очај, – призна Лукреција. – што мислиш зошто дојдове овде? Во Рио почнаа да се слушаат гласови за болеста на мојата ќерка и затоа морав да ја одалечам од таму, да ја омажам како што треба.
– И мораше ли со мојот син?
– Верував дека бракот со прав и вистински маж како Анбал ќе ја рехабилитира, дека ќе научи што значи маж, но погрешив. Алис вели дека тоа е нешто што не може да се смени.
– Што чуствуваш ти за него?
Ваквото отворено прашање ја погоди Лукреција како гром од вредо небо.
– Ти најдобро знаеш дека разумот не може да му владее на срцето.
– Сакаш да кажеш дека си вљубена во мојот син?
– Не…Но морам да признаам дека долго време никој не ме одржувал така жива.
– Ова мора да заврши, Лукреција, – по краток молк додаде Естер.
– Што? Бракот помеѓу Алис и Анибал?
– Не. Твојата врска со него. Тоа помеѓу вас двајца е…неприфатливо. Ќе те замолам да се држиш што е можно понастрана од Анибал. Можеш ли да замислиш што ќе биде ако дознае Фаусто?
– Ужасно, – при самата помисла ј аполазија морници.
– Што се однесува до твојата ќерка, ќе побараме лекар, специјалист за да и помогне. Алис мора да му роди дете на Анибал.

Анибал влезе во собата на својата сопруга по непријатната сцена каде што неговата мајка го фати на дело со неговата тетка. И се исповеда на Алис, не можејки да опише колку непријатно е чуството.
– Ајде, Анибал, не е крај на светот.
– Никогаш повеќе нема да можам да ја погледнам мајка во очи.
– Анибал, слушај ме. Не е се загубено, -додаде таа, заводливо повлекувајки го за кошулата. – Мислам дека почнувам да чуствувам нешто за тебе…
– Дали ти си играш со мене, Алис?
– Не, напротив, – негираше таа и го бакна страсно, онака како што никогаш немаше бакнато ниту еден маж.

***
– Злато?!, – очите на Фасуто светкаа како две ѕвезди деници, откако Рикардо ја сподели најновата вест која се прочу на фазендата. Дека Енцо и неговите луѓе нашле злато во реката. Тоа ги оправдуваше потрошените пари сношти во боределот на тетка Кармен.
– Знаев дека тој беден италијанец крие нешто, – додаде Фаусто посегнувајки по шишето скоч. – Сега повеќе од било кога мораме да ја вратиме таа земја, Рикардо!
– Ќе биде тешко, татко.
– Мора да постои начин. Нема да дозволам тоа копиле да се богати на нешто што морално ми припаѓа мене.
– Јас не можам да разберам зошто дедо му ги оставил тие тапии. Сигурно постои голема причина.
– Зарем сеуште не ти е јасно, Рикардо? Татко бил прелажан за да му биде земена таа земја!
– Во секој случај мораме да се навикнеме на нашиот нов сосед. Богат сосед.
– Само преку мене мртов, – извика Фаусто фрлајки ја кристалната чаша со скоч во ѕидот. Слушај, синко…Знам дека во последно време меѓу нас се случија некои работи кои не одалечија, но мораш да ми помогнеш да го повратиме она што е наше. Не можеме да седиме со скрстени раце. Ова значи само едно нешто…Одмазда!

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!