Почетна / Телевизија / Големиот брат / Султан Сулејман оваа недела на Сител телевизија

Султан Сулејман оваа недела на Сител телевизија

 

Во најновото исфрлување од куќата на „Големиот брат“, тимот на шоуто одлучи малку да се пошегува со станарите. Имено, водителката Маријана Мичиќ најпрво најави дека Венди и Маја Николиќ се станарките со најмалку гласови од публиката и побара пауза за реклами, за веднаш потоа како гром од ведро небо да му соопшти на Бобан дека сето тоа било шега и оти тој е станарот кој вечерва ја напушта куќата. Анета Наковска беше најмногу потресена поради оваа одлука, иако потоа Бобан во студиото не се потруди ни да ја поздрави својата македонска пријателка. Откако беше прикажано како Бобан изгледаше во очите на Големиот брат изминативе три недели, дојде време станарите да дознаат која е новата неделна задача.

Е, тука настапува Сулејман! Тимот на шоуто одлучи неделава куќата на Големиот брат да биде претворена во харемот на султанот Сулејман. Засега знаеме дека Славко ја има улогата на Сулејман, Венди е Махидевран, додека Маја Николиќ ќе владее како Хурем! За останатите станари и нивните улоги дознаваме утре во прегледот на денот. На крајот од неделата Сулејман (Славко) и Хурем (Маја Н.) ќе треба да се венчаат.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какви навреди упати Стефани до гласачите од Македонија?

  Стефани : Тие деца што ги тренираш, тие дебили кои гласаат за тебе   …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!